05:50 - 12 март, 2026

Јасмин Ставрос се бори со рак на коски: „Постојано сум во болница, се борам за живот“

„Имам рак на коските и во фаза сум на борба за живот. Сè боли, особено грбот“, изјави Јасмин Ставрос (68) за 24 сата.

Пејачот звучел уморно, исцрпено, но и оптимистичко. Пред неколку дена бил хоспитализиран,  поради болки во грбот, добил страшна дијагноза и оттогаш е на болничко лекување.

-Постојано сум во болница, оттогаш не сум бил дома. Се чувствувам лошо, ме боли грбот, сè. Ми даваат секакви лекови против болки, некои помагаат, некои не – вели Ставрос.

Инаку, пејачот до сега живееше многу здрав начин на живот. Ставрос живее на село, во мир и во хармонија со природата, познат е по здравиот живот, умерената исхрана и спортување.

Телефонот во болница и во домот на Ставрос деновиве не престанува да ѕвони, ивезстува хрватски 24 сата. Неговите блиски и фанови пак, се молат што побрзо да оздрави. Тој е пример, идол, за многу помладите колеги, од него научија како да ја сочуваат младоста, а пред се да ја спојат забавната работа со хармонијата на семејниот живот.

Веќе следниот месец Ставрос најави настапи, но се уште не знае дали ќе ги одложи/ Тоа ќе зависи од здравствената состојба. За сега, целосно е посветен на борбата за своето здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Неодамна за хрватско Стори, Ставрос зборуваше за тоа колку му значи молитвата и за болниот син со чија болест се бори речиси од неговото раѓање.

„За жал, цел живот носев крст, мојот помал син беше болен од почетокот. Но, фала богу, тој е жив“, рече Ставрос.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....