14:08 - 31 јануари, 2026

JA „ШУТНАЛ“ ОТКАКО БИЛЕ ИНТИМНИ: Ријалити ѕвезда прозборе за нејзината врска со Роналдо

Еден од најпознатите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо наводно тајно се допишувал и се гледал со ријалити ѕвездата Натача Родригес само два месеци пред да ја запознае сегашната вереница Георгина Родригез.

Ријалити ѕвездата за „The Sun“ откри дека започнала да се допишува со Роналдо порано, веднаш откако тој раскинал со рускиот модел Ирина Шајк.

Како што открива 25-годишната Родригес, таа му испратила интимно видео за кое сега, секако, се кае.

„Беше еден часот наутро и го направив тоа на шега. Не мислев дека ќе одговори. Но, во шест наутро тој ми испрати порака и работите започнаа оттаму. Гледајќи наназад, би сакала да не се случеше тоа. Кога му испратив видео на кое позирам во долна облека, тој рече дека сака да ме види лично. Кристијано секогаш јасно кажуваше дека му се допаѓа моето тело“, раскажа Натача.

Како што открива атрактивната бринета, таа и Кристијано се запознале во март 2017 година и биле интимни. Тој ја замолил работите да останат во строга тајност, а потоа ја блокирал на социјалните мрежи, не одговарал на нејзините повици и ги прекинал сите контакти со неа.

„Ме повреди начинот на кој ме остави. Откако спиеше со мене, ме блокираше на „Инстаграм“, а тоа се уште боли. Роналдо едноставно ме шутна, а истото би можел да ѝ го направи и на Георгина. Кристијано би бил одличен улов за секого и Георгина мора го „држи на око“ дури и да постои доверба меѓу нив и нивната иднина“, изјави ријалити ѕвездата.

Ако се среќни заедно, а сигурна сум дека се, тогаш и јас сум среќна за нив. Ако Кристијано ми беше дечко, мислам дека не би му верувала по она што се случи меѓу нас. Среќна сум што бев мал дел од неговиот живот, иако тоа не заврши онака како што можеби сакав“, додаде таа.

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....