5.8 C
Скопје
02:55 - 1 април, 2026

Извори од кралското семејство: „Принц Хари ќе остане само неколку часа во Лондон за крунисувањето, Меган беше притисната да не дојде“

Кралското семејство е „воодушевено“ што Меган Маркл ќе го пропушти крунисувањето на Чарлс Трети, пренесува Пејџ сикс.

Поранешниот известувач на Би-Би-Си и автор на книгата „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзорите“, Том Бауер, им раскажа на новинарите за тоа како членовите на кралското семејство реагираа на одбивањето на Меган Маркл да присуствува на крунисувањето на Чарлс Трети.

„На сите им е мило што таа нема да дојде. Се погрижија да не дојде: ѝ беше кажано дека ќе мора да да се повлече, дека нема да биде во центарот на вниманието, дека нема да има никаква улога во сето тоа и дека ако го направи тоа, тие ќе бидат ставени во редот 54 во колоната“, рече Том Бауер.

Присуството на принцот Хари и Меган Маркл беше долго време под сомнеж. На почетокот на март, парот потврди дека добил покана за крунисувањето, но не го потврдија своето присуство. На 12 април, Бакингемската палата потврди дека принцот Хари ќе се појави на крунисувањето на Чарлс III без Меган Маркл. Според упатените, војводата од Сасекс ќе остане во Велика Британија само неколку часа и веднаш по церемонијата ќе се врати дома во Калифорнија кај Меган и децата каде ќе се прославува роденденот на синот Арчи.

Претходно беше објавено дека принцот Хари ќе го пропушти гала концертот во чест на крунисувањето на неговиот татко.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....