10.8 C
Скопје
18:27 - 11 март, 2026

Изненадувачка венчавка на Кортни Кардашијан со Тревис Баркер: Веднаш по ГРЕМИ кажале „да“ во Лас Вегас

Кортни Кардашијан се омажи за Тревис Баркер во капела во Лас Вегас.

Според госип сајтот ТМЗ, парот додека престојувал во Лас Вегас за време на Греми наградите,  ја искористиле можноста да кажат „да“ во понеделник, на 4 март во околу 1 и пол часот наутро. Со личен фотограф и приватно обезбедување, двајцата го крунисаа сонот за љубовта.

Импулсивен гест? Можеби, но во секој случај со себе понеле и дозвола за брак и сведок, неколку часа по настапот на сцената на доделувањето на Греми наградите. Очигледно за ритуалот се погрижил имитатор на Елвис, еден од најбараните и најпопуларните ликови за овој тип на романтично бегство.

Тие двајца неодамна открија дека сакаат да станат родители: таа има 42, тој 46 години. Се вериле по девет месеци врска и којзнае дали веќе има и бебе на пат.

Кортни е мајка на три деца (Мејсон, Пенелопе и Рејн  – 12, 9 и 7 години), тие се од поранешниот партнер Скот Дисик, но никогаш не се омажила, односно ова ѝ е првпат, додека новиот сопруг е сега во трет брак (првите блесоци траеја девет месеци со Мелиса Кенеди, а потоа и со Шана Моаклер , од која се разведе по неколку години брак).

Пејачот ѝ го поставил судбоносното прашање на плажата во Монтесито во октомври и оттогаш е неразделен од својата партнерка. Од Ајфеловата кула до каналите во Венеција, двајцата беа следени од бројни папараци, но никогаш не се криеле, напротив љубовта ја искажуваа насекаде јавно и својата страст ја покажуваа на секој што сака да ѝ сведочи.

Слични објави

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо
Се вчитува....