7.8 C
Скопје
10:27 - 1 април, 2026

Иванка Трамп нема да учествува во претседателската кампања на татко ѝ

Најстарата ќерка на Доналд Трамп, Иванка, изјави дека повеќе нема да учествува во американската политика и нема да игра улога во претседателската кампања на нејзиниот татко во 2024 година, пишува Њујорк Пост.

„Многу го сакам татко ми. Овој пат решив да им дадам приоритет на моите мали деца и семејниот живот. Не планирам да се занимавам со политика“, рече Иванка Трамп (41).

Таа истакна дека секогаш ќе го поддржува својот татко надвор од „политичката арена“.

„Благодарна сум за привилегијата да му служам на американскиот народ и секогаш ќе бидам горда на многуте достигнувања на нашата администрација“, рече ќерката на Доналд Трамп.

Доналд Трамп, на свадбата на ќерката Тифани за време на викендот, се обидел да ги убеди Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер да му се придружат во претседателската трка и да формираат обединет семеен фронт, велат изворите.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....