06:40 - 5 ноември, 2024

Иванка се сеќава на мајка ѝ Ивана Трамп: „Живееше во потполност, ќе ми недостига засекогаш“

Иванка Трамп со нежност и емоции се сеќава на својата мајка, која почина на 73 години: „Беше брилијантна, шармантна, страсна и нверојатно смешна“.

„Срцето ми е скршено поради смртта на мајка ми“, напиша Иванка Трамп само неколку часа по веста што ја лансираше поранешниот претседател на САД за прераната смрт на неговата прва сопруга Ивана Трамп.

И Ивана сакаше да ѝ посвети нежен спомен на својата мајка на Инстаграм, постирајќи фотографии од минатото и мисла полна со емоции и нежност.

„Мама беше брилијантна, шармантна, страсна и неверојатно смешна. Таа внесуваше сила, упорност и решителност во секоја акција што ја преземаше. Таа го живееше животот во потполност, никогаш не се откажуваше од можноста да се смее и да танцува. Ќе ми недостига засекогаш и сеќавањето на неа секогаш ќе го чуваме живо во нашите срца“, коментира Иванка, потсетувајќи се на времињата од детството и адолесценцијата поминати заедно со мајка си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Нејзиното прво име, сепак, беше поразлично: Ивана Мари Зелничкова, дефинирана од Доналд  како „прекрасна, убава и неверојатна жена“.

Во 1977 година, таа беше модел родена во тогашна Чехословачка, додека не се омажи со ДОналд. Претходно беше во брак со инструкторот за скијање, Алфред Винклмајр. Во времето кога се разведе и потоа се премажи за Доналд Трамп, тој беше еден од најголемите американски градители во Големото јаболко, а со него доби три деца. : Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.

Бракот траеше до 1990 година. Нејзината животна приказна би можела да биде тема за филм или ТВ серија: манекенка израсната во шума, многу блиска со нејзиниот татко Милош со кој одела на лов и риболов, емигрирала во Канада по крајот на нејзиниот прв брак и станала душа на забавите на најпрестижните клубови во Њујорк до средбата со Доналд Трамп.

Заедно со гласините за нејзините пороци, ексцеси и нејзиниот круг на моќни пријателства, Ивана Трамп беше позната и како „воркохолик“ со чувство за бизнис, а активно учествуваше во многу проекти на сопругот, како што е кулата Трамп на Петтата авенија и казиното Трамп Таџ Махал во Атлантик Сити. Таа беше заменик-претседател за внатрешен дизајн на групацијата, но исто така ја издлаби улогата на најдоверливиот советник на идниот претседател.

Ивана во Италија се омажи по трет пат со Рикардо Мазучели, а потоа воспостави две важни врски, првата со Гаетани дел’Аквила Д’Арагона и втората со Росано Рубиконди, со кого се венча во 2008 година на церемонија која ја водеше сестрата на Трамп, Меријан Трамп Бери.

Слични објави

(Фото) Исончани и заљубени: Мина јавно му порача „те сакам“ на Огњен Амиџиќ

Еспресо

Петар Грашо искрено: „Јас не сум многу дома, Алба и Тони ќе бидат мамини деца“

Еспресо

Хана Хуљиќ ја напушти болницата: Сè се одвивало во тајност, мајката и бебето се чувствуваат одлично

Еспресо

Луѓето бесни на Сека Алексиќ зошто имала настап по трагедијата во Нови Сад, пејачката веднаш се огласи: „Никој не знае да прегрне кога боли“

Еспресо

(Видео) Најслатко нешто: Марија Шерифовиќ објави видео со синот, малиот Марио не се дели од мајка си

Еспресо

Александра Пријовиќ заврши во болница: Морала да прима специјални лекови од Америка

Еспресо
Се вчитува....