02:21 - 11 април, 2026

Ирина Шајк, една од најпознатите Русинки, остро ја осуди војната во Украина: Како можеме да спиеме додека ова се случува?

Рускиот топ модел Ирина Шајк не остана воздржана по прашањето за агресијата врз Украина и веќе неколку пати на социјалните мрежи се огласи на таа тема.

Иако со години живее и работи во САД, Ирина Шајк будно ја следи руската агресија врз Украина и се обидува да помогне, но апелира и до другите да се вклучат во помошта.

Убавата Русинка со потекло од Јеманжелинск не го поддржа претседателот Путин кој пред една недела изврши инвазија врз Украина, туку жестоко ги осуди војната и сите видови насилство.

„Не за војна. Ќе донирам за Уницеф и за Црвениот крст на Украина, а вие погледнете ги моите објави со линковите за донација. Донирајте колку што можете. Се молам за мир во светот“, напиша таа под нејзината последна објава дополнета со симбол што означува мир.

Ова не е прв пат познатата убавица да се огласи во врска со војната. Меѓу другото, таа изјави дека не може мирно да спие, да работи и да функционира додека се случуваат вакви работи.

Покрај Ирина Шајк, и руските манекенки Викторија Одинцова и Елена Перминова на социјалните мрежи повикаа на престанок на војната и објавија црни фотографии на нивните профили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....