-1.2 C
Скопје
09:13 - 23 декември, 2024

Интервју со д-р Златко Чипуровски, специјалист офталмолог: Нудиме дијагноза и третман со најсовремена технологија

По повод отворањето на Центарот за офталмологија во Клиниката „Жан Митрев“.

Д-р Чипуровски, во клиничката болница „Жан Митрев“ и официјално почна со работа Центарот за офталмологија во соработка со Промедика Офталмологија, уште една алка во сеопфатниот здравствен центар, кој отсега па натаму овозможува врвна и напредна грижа за очите. Што е она што го издвојува овој Центар од останатите во земјава?

Д-р Чипуровски: Центарот за офталмологија, кој е резултат на соработката помеѓу „Жан Митрев“ клиниката и Промедика Офталмологија, се издвојува како водечки центар во земјата бидејќи располага со најновата и најнапредната технологија за дијагностицирање и третман на очните проблеми во Македонија. Соработката меѓу две од најголемите и најискусните болници во земјата овозможува уникатен спој на долгогодишно искуство, знаење и експертиза, што резултира со пружање на напредна грижа за пациентите кои имаат потреба од офталмолошки услуги.

Каква технологија и апаратура се користи за дијагностика и третман на офталмолошките проблеми во „Жан Митрев“?

Д-р Чипуровски: Центарот користи најмодерна и најсофистицирана технологија за дијагностика и третман на офталмолошките проблеми, која вклучува апарати за високо прецизни дијагностички испитувања како ОЦТ, видно поле, ехо/АБ скен, тонометар за мерење очен притисок и рефракто-кератометар.

Кои видови прегледи и услуги се достапни во новиот офталмолошки центар?

Д-р Чипуровски: Во новиот офталмолошки центар во соработка со Промедика Офталмологија, пациентите може да направат офталмолошки преглед, субспецијалистички прегледи, ретинолошки преглед кој е идеален за пациентите со дијабет или ретинолошки заболувања, преглед за катаракта, преглед за глауком, преглед за окулопластика како и детски прегледи.

Кои се најчестите офталмолошки проблеми кај пациентите?

Д-р Чипуровски: Најчестите офталмолошки проблеми кај нашите пациенти вклучуваат рефрактивни грешки (како што се кратковидост, далекувидост и астигматизам), катаракта, глауком, макуларна дегенерација, заболувања на ретината и задниот сегмент на окото, како и различни видови на очни инфекции и алергии. Нашиот офталмолошки центар нуди дијагноза и третман за сите овие состојби со најсовремена технологија.

Посебно внимание посветувате на децата. Што опфаќа офталмолошкиот преглед кај деца и на што треба да внимаваат родителите кога станува збор за видот на децата?

Д-р Чипуровски: Во нашиот центар, посветуваме посебно внимание и грижа на здравјето на очите кај децата, бидејќи навремената дијагноза на било какви очни проблеми е од клучно значење за нивниот правилен развој и учење. Секое дете заслужува јасен вид, и затоа нашата цел е да се осигураме дека сите деца добиваат најдобра можна грижа и дека евентуалните проблеми со видот се откриваат и третираат што е можно порано.
Офталмолошкиот преглед кај децата во нашиот центар вклучува темелна проценка на видната острина, проверка на очниот притисок, преглед на очното дно и детекција на можни рефрактивни грешки или други абнормалности. Нашиот тим работи внимателно и нежно за да го направи прегледот пријатен и безболен за секое дете.
Симптоми на кои родителите треба да внимаваат се: често трепкање, триење на очите, тешкотии во читањето или фокусирањето, двојна слика или нагло губење на интерес за активности кои бараат визуелна концентрација. Секој од овие знаци може да укажува на можен проблем со видот и е причина за консултација со офталмолог. Препорачливо е секое дете првиот офталмолошки преглед да го направи до неговата 3-та година. Ние сме тука да им помогнеме на родителите да нивните дечиња гледаат чисто со помагала или без.

Кои услови треба да ги исполнуваат кандидатите за ласерска корекција на диоптрија?

Д-р Чипуровски: Со ласерската корекција на диоптрија, ја отстрануваме диоптријата кај пациентите за да им се овозможи јасен вид без очила или леќи. Кандидатите за ласерска корекција на диоптрија треба да имаат диоптрија од ‒10 до +6 и ±6 астигматизам (цилиндер), да се на возраст од 18-40 години и да имаат стабилна диоптрија најмалку една година. Дополнително за да се одреди дали пациент е кандидат за интервенцијата, извршуваме детален преглед на кој правиме повеќе детални испитувања и го анализираме секој дел од окото на пациентот.

Што претставува кератоконусот, кога најчесто се јавува и како се третира?

Д-р Чипуровски: Кератоконусот е дегенеративно заболување на рожницата кое доведува до нејзино истенчување и деформација, што резултира со замаглен вид и можност за прогресивна загуба на видната острина. Најчесто се јавува кај млади лица, а неговиот третман може да вклучува носење на специјални контактни леќи или пак интервенција која се нарекува крослинкинг.

Дијагностиката и третманот на катарактата, глаукомот и ретинолошките заболувања се само дел од услугите. Кои се останатите офталмолошки заболувања кои ги третирате во Центарот, а за кои пациентите може да побараат стручна помош?

Д-р Чипуровски: Покрај катарактата, глаукомот и ретинолошките заболувања, во нашиот центар дијагностицираме и третираме и други очни состојби, како што се: рефрактивни грешки, инфекции на очните капаци, трауматски повреди на очите итн. Нашите пациенти можат да добијат комплетна дијагноза и соодветен третман за сите овие состојби.

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо
Се вчитува....