4.8 C
Скопје
02:41 - 21 декември, 2024

Интервју со д-р Михаил Таушанов, Клиника „Жан Митрев“: Има доволно можности за профефсионален развој во земјава

Во моментот започнуваме со оперативни интервенции и очекувам во брзо време да воведеме оперативни интервенции со модерни техники по кои би биле препознатливи, вели д-р Таушанов, специјалист по неврохирургија, од Клиника „Жан Митрев“.

Што Ве мотивираше да се насочите кон неврохирургија како специјалност?

Д-р Таушанов: Секогаш имав интерес како функционираат луѓето и долго време сметав дека психијатрија ќе биде мојата специјалност. Во петтата година, за време на медицинските студии, имав можност да асиситарaм на неврохирургија и одблизу да го видам мозокот и изучената неуроанатомија во пракса. Тогаш се појави желбата да помагам на пациенти со отстранување на патолошки супстрат кој им го нарушува секојдневниот живот.

Што Ве привлече да работите токму во Клиника Жан Митрев и како оваа клиника влијае на вашето професионално развивање?

Д-р Таушанов: Шансата да работам во реномирана медицинска установа и можностите да се биде дел од тим во чие знаење во континуитет се инвестира.

Дали во Клиника Жан Митрев има програми за менторирање и обука за младите доктори и какви се твоите можности за континуирана едукација и професионален развој во рамките на клиниката?

Д-р Таушанов: Kлиниката „Жан Митрев“ работи по највисоки стандарди и нуди постојана доедукација и усовршување на неврохирушките способности, нудејќи можност да се работи и да се учи од најдобрите специјалисти по неврохирургијата во Европа. Со формирањето на новиот неврохируршки оддел, соработките со реномирани имиња од оваа област, јас како носител на дејноста, гледам огромен потенцијал за иден личен развој, но и развој на самата медицинска гранка во земјава, која ќе ја оствари крајната цел да се понудат врвни решенија за пациентите.

Како ја оценувате опременоста и технологијата во Клиника Жан Митрев во однос на неврохируршки интервенции и дали има некои специфични процедури или методи кои се користат во Жан Митрев, а не се чести во другите болници?

Д-р Таушанов: Болницата е опремена со најсовермена технологија и се стреми секогаш да обезбеди опрема која ќе овозможи надобри резултати за пациентите. Во моментот започнуваме со оперативни интервенции и очекувам во брзо време да воведеме оперативни интервенции со модерни техники по кои би биле препознатливи.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат младите лекари во Македонија, особено во специјалностите како неврохирургија?

Д-р Таушанов: Големите обврски за време на специјализацијата, многубројните работни часови и изнаоѓање време за учење. Истовремено менаџирањето на приватниот и семејниот живот. Ако одвојувам, најтешки беа работните часови, кои честопати беа повеќе од сто часа неделно, но тоа е поднослива жртва за секој еден спасен живот.

Дали постојат доволно можности за професионален развој и напредок во земјата или сметате дека повеќето млади доктори се принудени да бараат работа во странство?

Д-р Таушанов: Има доволно можности за профефсионален развој и напредок во земјава. Колегите кои одат во странство и имаат можност да учат од врвни специјалисти и потоа се враќаат со цел да го унапредат нашето здравство се позитивен пример, а доц. д-р Жан Митрев е еден од нив.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање, закажете термин или консултирајте се на тел. 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....