2.8 C
Скопје
19:52 - 18 декември, 2024

Интервју со д-р Елма Абдула Хасанаговски, болница „Санте Плус“: Успешно работиме на спонтано, а безболно породување

На тема породување, совети околу породувањето и надминување на стравот на идните мајки, но и кога е најпогодно време за станување мајка, разговараме со д-р Елма Абдула Хасанаговски, специјалист во гинекологија и акушерство во болницата „Санте Плус“. 

Д-р Елма Абдула Хасанаговски е родена, растена и школувана во Скопје, потекнува од старо, скопско турско семејство, сопруга е и мајка на два прекрасни сина. Секогаш е желна за креативна дружба, односно како што вели, се труди да гради суштински и квалитетни релации со луѓето кои ги љуби. Сака добра книга и долги прошетки. Професијата која денес ја работи, д-р Елма  ја  засакала додека била на студентска  размена воТурција, а потоа и во  Италија. „Тешко ми е да се замислам во друга професија, иако има други науки кои ми се инспиративни. Познавајќи се себеси, која било професија да ја изберев, ќе ја работев со максимална посветеност, и секогаш со страст која не стивнува низ  годините. Секој пациент ми е важен, пристапот ми е индивидуален и максимално им се посветувам на пациентите“, ни вели д-р Елма на почетокот на разговорот.

Има ли идна мајка која „не се плаши“ од породувањето?

– Има, секако, но храбрите се поретки. Мојот  совет  е секогаш да му веруваат  на избраниот  лекар, да се отворат и да ги искажат стравовите, секако ќе се најде решение за, на крајот, процесот се финализира со убаво искуство за паметење. Мојот  тим е високо  професионален и подготвен да ја  заврши работата со многу внимание и нежност кон  пациентката и новороденчето. Затоа, ги  охрабрувам идните мајки да се остварат како мајки два или повеќепати.

Какво влијание во креирањето на мислење на пациетките има едукацијата” на полесниот начин – преку Интернет, онлајн форуми и видеа на Јутјуб?

– Форумите реално се голем проблем, не само  во  нашата  професија. Јас лично никогаш не полемизирам со пациентките  за нешто  прочитано/прераскажано на форум. Постојат многу  сајтови  со убави, едукативни текстови, кои можат да ги користат за добивање издражани информации, но крајните одлуки и ставови  треба да ги градат преку разговор  со стручни лица, па и да побараат второ мислење доколку е потребно. Комоцијата и „лесно прифатливите” објаснувања што ги  нудат на форумите, мислам  дека се главна причина за нивната актуелност. Но, секако, се погрешен избор  за  донесување  одлука  или  стекнување  мислење за некоја проблематика. Интернетот никако не може да биде место за едукација – ги исклучувам вистинските, сертифицираните или универзитетските онлајн обуки и едукации. Современите медицински ставови се базираат на обилни истражувања, преку студии на голени популациски групи, а не се базираат на логика на поединци.

Лекарот кој ја следи бременоста мора да ја стекне довербата кај идната мајка и нејзиниот партнер со своето знаење и искуство. Така, пациентката ќе биде комотна да биде целосно искрена во пренесување на анамнестичките податоци кои неретко можат да ги наговестат идните компликации. Затоа, во овие релации лекар-пациент, потребно е и лекарот да се вложи, да ја осознае личноста на пациентот, да го најде правилниот пристап за да обезбеди најдобра грижа и најдобар начин на следење на бременоста.

Колку е важна улогата на таткото во бременоста на идната мајка?

– Улогата на таткото во бременоста е круцијална. Деветте месеци бременост –  тоа е периодот кога почнуваат да се градат  партнерските родетелски односи. И верувајте, веднаш при преглед може да се препознае која трудница има добар амбиент во домот, околу себе, а на која ѝ недостасува поддршка од партнерот. Секогаш ја поддржувам одлуката таткото да присуствува на породувањето во родилна сала. Па и да ја пресече папочната врвка. Бесценети се тие моменти на среќа, на обединетост на две битија кои стануваат родители, често следено со солзи радосници. Дури сметам дека деновите кога треба да се посети лекар, идната мајка и идниот татко да ги добијат како слободни денови, за да бидат заедно во целиот процес. Ова нека биде предлог до здруженијата и социјалните институции кои треба да обезбедат услови на идните родители во таа насока.

Со развојот на технологијата во медицината и со безболниот метод на породување, сè повеќе мајки одлучуваат да се породат со царски рез. Што ги советувате идните мајки за начинот на породување?

– И на оваа тема многу влијаат надворешните фактори и начинот на кој се третира породувањето. Имено, породувањето е природен процес, проследен со болка која е издржлива. Но, и покрај современиот пристап за безболно породување, многу мајки  избираат царски рез како опција за породување. Таквата одлука се базира на слушнати приказни за тешко породување. Секоја идна  мајка  треба да знае  дека  нормалното породување може да трае и до 24 часа, и да поразговара со избраниот лекар за можностите тоа да се доживее на  убав и полесен начин. Ние, во „Санте Плус Хоспитал“, секојдневно работиме  на промоција на спонтано, безболно породување. И имаме одличен успех во тоа. Изборот на анлагезија, односно на обезболување, го правиме со нашите искусни и високостручни анестезиолози. Вагиналното породување е секогаш подобар  избор, освен кога медицинските околности тоа не ни дозволуваат.

Сè почесто во денешно време, младите мајки одлучуваат да го оттргнат новороденчето од доење со мајчино млеко и да го адаптираат веднаш на вештачка исхрана. Како е вашиот став за доењето и колку е тоа значајно за развојот на бебето?

– Новопородената мајка природно е исплашена дали ќе умее доволно добро да го дои бебето, дали ќе има доволно млеко, колку тоа квалитетно за оптимален раст и развој на новороденчето, па така нејзината самодоверба е на многу ниско ниво. Дополнително отежнувачки фактор е нашиот менталитет, односно, присутноста на бабите, свекрвите, тетките со своите често погрешни совети. Така, младата мајка слуша загриженост дека дојките ѝ се мали, дека во нив сигурно нема доволно млеко, дека бебето плаче само затоа што е гладно, дека млекото не е доволно квалитетно…со сето тоа стравовите на младата мајка се зголемуваат. И тогаш почнува давањето на млечна формула, „за секој случај“. Со тоа, опаѓа стимулацијата за лачење млеко што пак, води до престанување на доење. Друга група на мајки се оние кои се оптоварени со кариера и работни обврски веднаш по породувањето, па заради временска ограниченост и подолготрајната ситост што ја дава млечната формула во однос на мајчиното млеко, тие мајки поради обврските не се во можност да се посветат на екслузивно доење.

Дали е поразително што во ова модерно време многу жени се одлучуваат да се остварат како мајки по 30-те години од својот живот? Има ли „временска рамка“ која се препорачува во медицината или во вашата фела?

– Современиот начин на живот наметна и други критериуми за остварување на  мајчинството. Кариерата на жената е важен фактор во одлучувањето, но и желбата на жената дел од својата младост да ја поминат сами со партнерот.  Отежнуваат и општествено-социјалните прилики. Сведоци сме дека и браковите се склучуваат во подоцнежни години. Сè тоа влијае на моментот кога младата жена ќе одлучи да стане мајка. А, секако дека возраста влијае на исходот на  бременоста. Знаеме дека ризикот да се роди плод со Даунов синдром или некоја друга хромозомска аберација, после 35-та година, е поголем. И тие бремености  се следат како високоризични зашто честата појава на дијабетес или висок крвен притисок во текот на  бременоста е поголем. Оптиамална возраст  за  раѓање на прво дете е 25-28 годишна возраст, а за останатите деца до 35-та година.

За жал, во поново време, како последица на новиот начин на живот, сè повеќе парови имаат проблем да се остварат како родители. Што ги советувате идните родители кои се соочуваат со овие проблеми?

– Важно е да се спомне дека плодноста на жената се намалува после 30-та година, а на мажот околу 40-та година, со почетокот на падот на нивото на тестостерон. Причините за неплодност треба да се бараат, доколку до бременост не дојде  по 12 месеци слободни сексуални односи кај парови до 35-годишна возраст. Општо речено, факторите за неплодност се делат на женски, машки или мешан фактор. Од женски фактор најчесто е хормоналното пореметување, синдромот на полицистични јајници, неовулаторен циклус следен со  инсулинска резистенција или постоење на дијабетес мелитс, пореметена  проодност на тубите (каналите) што настанува поради претходни инфекции (сексуално преносливи болести), Но, не е редок фактор и аномалии на  матката од различен степен (септум). Кај машкиот фактор, исто така влијание има хормоналното пореметување, дебелината, алкохолот и цигарите, и сè тоа води  до намален број на сперматозоиди, нивна намалена подвижност и пореметена  морфологја или нивно целосно отсуство. Следуваат аномалии  на урогениталните органи, проблем со потенцијата и ејакулацијата.

Мој совет до сите кои се во дилема околу постигнување на бременост е да не се базираат на флоскулата „млади сте, има време”, туку да направат консултација со гинеколози кои тоа го работат и кои се специјализирани за третман на неплодност. Во болницата „Санте Плус“ имаме постојано термини за консултација на кои ги разгледувам претходно направените анализи и сугерирам што би требало да биде следен чекор за да се постигне бременост.

Дали сметате дека деветте месеци породилно отсуство се доволни за развојот на детето? Познава ли медицината „правило“ што е докажано кога детето може да биде целосно независно од својата мајка?

– Породилното отсуство  кај  нас е со времетраење од девет месеци, но знаеме дека во многу земји е покусо, од три до шест месеци. Јасно е дека за правилен раст и развој на бебето, а потоа и на  детето, основни се љубовта и негата на  мајката. Не постои такво правило кое покажало дека детето може целосно да биде независно од мајката. Тоа е неприродно, а емотивните последици се неизбежни. Родителската љубов е основна  за  правилен  психоемотивен  развој  на  детето о негово  прераснување во здрава и комплетна личност, која ќе може да дава и да прима љубов во секаков облик. Природата одредила дека кај човекот потомството подоцна се одвојува и осамостојува од родителите. Во тие релации, најважно е времето поминато со бебето, а подоцна и детето да биде исполнето со квалитетни содржини соодветни на возраста.

Д-р Елма Абдула Хасанаговски и експертскиот тим на болница „Санте Плус“ ви стојат на располагање. Закажете го вашиот термин или консулација на телефоните  071 262 323;  071 262 692

Комерцијален текст.

 

Слични објави

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо
Се вчитува....