12:02 - 7 ноември, 2026

„Имињата се шокантни“: Адвокатот во случајот Пи Диди со нова изјава која го вознемири Холивуд

Истрагата за случајот против Шон Комбс, познат како Диди, кој е обвинет за низа тешки кривични дела, вклучувајќи сексуални напади, однесување на макро и трговија со луѓе, продолжува, а адвокатите на жртвите наскоро ветија дека ќе објават список со наводните соучесници на раперот. Адвокатот Тони Базби ова го соопшти на прес-конференција во Хјустон, пишува Page Six.

Според адвокатот, на списокот има многу познати личности.

„Имињата ќе ве шокираат. Ќе дојде ден кога ќе именуваме други имиња освен Шон Комбс, а има многу имиња таму. Веќе е долг списокот, но поради природата на овој случај, мора да сме сигурни дека сме во право пред да го направиме тоа.“ – рече тој.

Базби рече дека планира да поднесе повеќе од 100 тужби во повеќе држави во следните 30 дена и вети дека ќе ги објави имињата подоцна.

Тој потврди дека половина од тужителите се мажи и дека повеќето од наводните напади се случиле во Њујорк, Калифорнија, Џорџија и Флорида.

Жалбите датираат од 1991 година, а најмладата наводна жртва имала само девет години, иако 25 обвинети велат дека во тоа време биле малолетни.

Многу од тврдењата ги вклучуваат злогласните „бели забави“ на Комбс, како и хотели, но речиси сите спомнуваат и дрога.

Во меѓувреме адвокатите на Комбс и понатаму тврдат дека тој е невин и дека ќе го докажат тоа на суд, а дека се ова е само медиумски циркус против славниот рапер.

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....