15:56 - 11 ноември, 2026

„Имам 52 години, приказната е завршена“: Гоца Тржан се откажа од борбата за второ дете

Пејачката Гоца Тржан отворено проговори за одлуката да стави крај на повеќегодишната борба за второ дете преку процесот на вонтелесно оплодување, истакнувајќи дека поради нејзините години тоа животно поглавје за неа е дефинитивно затворено.

Гоца, која со години јавно зборуваше на оваа тема за да им даде поддршка на сите жени кои минуваат низ истиот процес, откри дека сега посакува нова животна улога:

„Многу зборував на темата за вештачко оплодување во јавноста, пред сè поради жените кои не знаат каде да се обратат. Секогаш сакав да бидам поддршка. Денес имам 52 години и мора да кажам дека за мене таа приказна е завршена. Станав стрина, имам ќерка и се надевам дека наскоро ќе станам баба — тоа би сакала да ми се случи додека грбот сè уште ми е здрав. Лена е веќе девојка, мене мајка ми ме роди на дваесет години, па колку што би сакала тоа да дојде со внуче, толку би сакала да станам бака што е можно поскоро“.

Покрај ова, пејачката ја прокоментира и одлуката на нејзината ќерка Лена да го промени презимето, нагласувајќи дека тоа е нејзино целосно право и дека во нивниот дом тоа воопшто не е тема на дискусија.

Зборувајќи за негативните коментари на социјалните мрежи, Гоца искрено додаде дека загубата на две млади пријателки целосно ѝ ги променила животните приоритети, поради што повеќе воопшто не се оптоварува со мислењето на околината, туку гледа да го живее животот чесно и исполнето.

Слични објави

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....