15:40 - 1 април, 2026

Имало караници и тешки денови: Џокси со искрена приказна за сопругата

Искрена и многу емотивна приказна за својата сопруга Викица објави пејачот и автор Џина Папас Џокси.
– Денес јас и Викица славиме 34 години брак. Не било секогаш розово – имало караници, инаети и тешки денови, како и кај сите, но секогаш со разговор и убав збор сме ги решавале работите. Со годините љубовта не исчезна, туку стана помирна и посигурна. И тоа е она најважното – напиша Џокси кој е долги години на македонската естрада, а остана најпознат по хитот „На Велигден“.
Тој на својот фејсбук-профил често знае да сподели мудар совет.
Фото/ Фејсбук
– Колку и да брзаме низ животот, вистинските моменти нѐ стигаат. Чувајте ги луѓето што ве сакаат и местата што ве смируваат. Бидете добри, бидете ваши. Џ.П. Џокси. Добар ден мој народе од Македонија! – напиша тој неодамна.
Џокси е, инаку, горд татко на својата ќерка Евгенија која живее во Јапонија, а летово со сопругата беа кај неа на гости, па ќерката ги прошета на многу интересни места.
Џокси со сопругата и со ќерката Фото / Фејсбук

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....