7.8 C
Скопје
23:23 - 30 март, 2026

Имал тешко детство, а сега е татко на четири деца: Фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ раскажа интимна животна приказна

Фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ кој е татко на четири деца, имал тешко детство, а сега сподели лична семејна приказна.

Јовиќ е еден од најангажираните на настапи, турнеи и сите видови веселби, а кога ќе дојде дома го чека неговата петорка, четирите деца: Теодора, Михаил, Јоан и Дарин, и неговата сопруга Ивана.

Во една прилика, Јовиќ се има отворено за своето детство и за земјоделските работи кои ги работел:

-Како што знаете, потекнувам од Валандово. Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот. И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура“, рекол Јовиќ во Женски магазин па додал:

-Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа. Заради школувањето и подобра егзистенција заминав во Скопје, каде што преку навистина трнлив пат успеав да се пробијам и да се изградам како личност.

Се оженив и Бог ми подари прекрасни дечиња и сопруга со неверојатно разбирање, па тука и останав да живеам. Животот не ми беше секогаш благонаклонет, но сега сум успешен човек, среќен татко и сопруг и најсреќен човек на светот“, рекол Ѓоко Јовиќ.

На неговиот 39. роденден тој објави слика со семејството и напиша: „Среќен ми роденден“, до сликата со среќното семејство и роденденската торта.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....