7.8 C
Скопје
23:59 - 13 март, 2026

Имал посебни барања: Ова е причината зошто Чола не пеел на свадбата на Ѓоковиќ

Најмладиот брат на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, во понеделникот и го кажа судбоносното „да“ на својата вереница, спортската новинарка Сашка Веселинов.

На интимната венчавка во црквата Свети Марко во Белград присуствуваа најблиските членови на семејството, кумовите и неколку блиски пријатели.

Пред да отпатуваат за Црна Гора, каде што се организираше главната прослава која траеше цели два дена, младенците и гостите отидоа на краток ручек во ресторанот на семејството Ѓоковиќ во Нов Белград. Извор близок до Сашка и Ѓорѓе, кој сакаше да остане анонимен, сведочи дека ништо не препуштиле на случајноста во однос на организацијата.

-Прославата во Црна Гора се состоеше од два дена тотално различна забава. Со оглед на тоа што музиката е еден од главните фактори за добра свадба, тие особено се потрудија околу изведувачите. Првиот ден на хотелската забава пееја Александра Пријовиќ, Жељко Самарџиќ и Сергеј Четковиќ, додека на забавата организирана на плажа настапија Милица Павловиќ, Саша Ковачевиќ и оркестарот на Александар Софронијевиќ, вели изворот.

-Требаше да настапи и Чола во краток, посебен блок, но на крајот семејството Ѓоковиќ му се заблагодари и ангажираше други ѕвезди. Проблемот не беа парите, туку условите што ги бараше Здравко за учество на свадбата. Бараше посебен изглед на бината, бараше речиси никој од гостите да не му приоѓа, да нема нарачки на песни, ниту фотографирање со него, а имаше и специфични желби околу сместувањето, како за себе така и за членовите на неговиот бенд. Бидејќи списокот со желби беше предолг, семејството реши да не го ангажира Чола, зашто сепак тој ден во центарот на вниманието требаше да бидат Сашка и Ѓорѓе, а не пејачите кои ги забавуваат гостите – објаснува изворот.

Фото/Инстаграм

https://www.instagram.com/p/ChUZhLgMx_N/?hl=en&fbclid=IwAR1a7LaGMcTeGNHzX7-QMQmF3D81cZ8y7FSVXMVXhKS6dIfGYYZLjiKgI8Q

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....