16.8 C
Скопје
20:27 - 22 октомври, 2026

Илон Маск го претстави парфемот „Изгорена коса“ и за неколку часа заработи милион долари

Најбогатиот човек на светот Илон Маск го претстави својот прв парфем наречен „Изгорена коса“ и откри дека за само неколку часа продал 10.000 шишиња и заработил милион долари.

„Со име како моето, влегувањето во бизнисот со мириси беше неизбежно – зошто воопшто се борев со тоа толку долго!? – праша Маск на Твитер.

Тој дури и го смени името на својот профил на Твитер и сега се претставува како „продавач на парфеми“.

„The Essence of Repugnant Desire“ (Мирисот на одвратната желба) е името на веб-страницата на неговиот најнов производ кој чини 100 долари по шише и треба да започне да се испорачува во првиот квартал на 2023 година.

“Истакнете се во толпата! Бидете забележани додека поминувате низ аеродром”, се наведува во рекламата на овој производ.

Маск почна да го рекламира парфемот во септември, а сега објави дека тој може да се купи и со криптовалути.

Досега неговата компанија Тесла претстави сопствен бренд на текила и неколку вида кратки панталони, додека пак неговата компанија Boring Tunnel, која последниот пат беше проценета на 5,7 милијарди долари, во 2018 година продаваше пламенофрлачи по цена од 500 долари за парче и заработи 10 милиони долари. Маск продаде и 50.000 шешири од споменатата компанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elonmusk (@elonmusk)

Слични објави

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.
Се вчитува....