23:15 - 12 април, 2026

(Видео) Игор Џамбазов има нов домашен миленик, кучката Ферхунде: „Ќе живееме среќно до крајот на животот“

Игор Џамбазов има нов домашен миленик, кучката Ферхунде за која се грижеше во Дојран и ѝ носеше јадење изминатиот период. На својот Инстаграм профил, актерот објави видео во кое објасни дека оваа кучка ќе ја вдоми откако тпретходно ќе биде уредно средена кај ветеринар во Гевгелија, исчистена од паразити и крлежи.

„Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое за жал се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле.
Утрово ја сместивме во патничко возило и ја однесовме во нејзиниот привремен дом, во Гевгелија, кај тета Александра и чичо Коко. Тие ќе ја исчистат од паразити во мешето, крлежи по крзното, па бањање, па малку козметика, па шетање, па лапачка, па на крајот мирен сон.
А кога Ферхунде конечно ќе дипломира, се враќа во родниот крај каде што ќе живееме среќно до крајот на мојот живот“, напиша Игор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Потсетуваме дека Игор е голем љубител на животни, претходно го чуваше кученцето Бошко, а потоа и мачката Емилија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....