10:02 - 13 ноември, 2026

Иако е во Холивуд повеќе од 30 години, Том Хенкс не е баш одушевен од својата работа: „Само 4 филмови ги сметам за добри“

По повеќе од 30 години поминати во Холивуд, Том Хенкс во едно неодамнешно интервју изјави дека во својот опус има четири филма кои ги смета за „прилично добри“.

Оскаровецот, кој глумеше во бројни блокбастери – од „Форест Гамп“ до „Елвис“, го најави својот претстоен роман The Making of Another Major Motion Picture Masterpiece („Создавањето уште едно големо филмско ремек дело“) што ќе излезе на 9 мај 2023 година. Книгата е измислена приказна за снимањето на мултимилионскиот филм за суперхерои и стрипот што го инспирирал.

– Никој не знае како се прави филм, иако сите мислат дека знаат – рекол Хенкс за People.

– Снимив еден куп филмови, а четири од нив се прилично добри, барем јас така мислам. Сè уште сум воодушевен од тоа како се спојуваат филмовите. Од идејата до треперењето на сликата на екранот, целиот процес е чудо – објасни 66-годишниот актер.

Хенкс додаде дека „снимањето филмови е многу тешка работа која бара долг временски период“.

– Тој период се состои од толку многу моменти на радост кои се спротивни на чувството на омраза кон себе. Тоа е најголемата работа на светот и најзбунувачката работа што ја знам – заклучи Том Хенкс.

Актерот претходно изјави дека идејата за потенцијално продолжение на „Форест Гамп“ е одложена речиси веднаш по успехот на првиот филм, кој најверојатно е на неговата листа од четири „прилично добри“ филмови.

– Ќе кажам дека се обидовме да разговараме за уште еден „Форест Гамп“, но разговорот траеше само 40 минути – откри Хенкс и додаде дека по тој разговор не се ни обиделе повторно да ја покренат темата.

Во ерата на повеќе продолженија, рестартирања и репризи, Хенкс додаде дека нема „обврска“ да ја репризира својата позната улога на Форест по оригиналниот филм од 1994 година, за време на чија продукција дури и платил од џеб за одредени сцени.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....