0.8 C
Скопје
01:53 - 12 март, 2026

И на Емили Ратајковски не ѝ се допаднал филмот за Мерилин Монро: Не ме чуди што уште еден филм прави фетиш од болката на жените, дури и кога тие се мртви

По низата критики кои пристигнаа на сметка на новиот филм за животот на холивудската дива Мерилин Монро, и Емили Ратајковски се придружи на групата незадоволни гледачи.

„Не ме чуди што е објавен уште еден филм кој прави фетиш од болката на жените, дури и кога тие се мртви“, рече таа во клипот што го објави на TikTok.

Таа ги наведе Ејми Вајнхаус, Бритни Спирс и принцезата Дијана како примери на жени со кои општеството е „опседнато“.

„Сите ние всушност правиме фетиш од женската болка. Опседнати сме со мртви девојки и сериски убијци. Со сигурност можам да кажам дека научив да ја величам болката во мојот живот”, додаде таа.

Инаку, голем број гледачи го критикуваа и овој филм на Ендрју Доминик. Потсетуваме дека беа прикажани неколку одвратни сцени на силување. Филмот не се препорачува за луѓе помлади од 17 години.

Што е вистина, а што фикција? Продолжуваат критиките за контроверзниот филм за животот на холивудската дива Мерилин Монро

Иако сите ја фалат актерката Ана де Армас, која го отелотвори ликот на фаталната русокоса, мнозинството обожаватели на Мерлин Монро го нападнаа режисерот Ендрју Доминик, кој јавно призна дека единствениот добар филм на Мерилин Монро му е „Some Like It Hot“ („Некои тоа го сакаат жешко“) и дека во филмот „How to Marry a Millionaire“ („Како да се омажиш за милионер““ сите жени се добро облечени ку*ви.

@emrata

So done with the fetishization of female pain and suffering. Bitch Era 2022

♬ original sound – Emrata

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....