12:20 - 13 ноември, 2026

И без Саша Поповиќ кој „командува“ од кревет: Еве кои се промените и кога почнуваат „Ѕвездите на Гранд“

Започнува новата сезона во натпреварувањето „Ѕвезде Гранда“!

По 20 години постоење на музичкото шоу „Ѕвезде Гранда“, креативниот директор Саша Поповиќ смисли низа промени и сосема нов натпреварувачки концерт.

Новата сезона на најгледаното регионално шоу ќе биде далеку подинамична и поинтересна, а гледачите ќе видат бројни промени и правила веќе оваа сабота, 28 септември, на добро познатиот термин кога се емитува првата епизода.

Првата промена што ја направија Саша и неговиот тим беше засилувањето на водителот Милан Митровиќ кој заедно со Ана Севиќ ќе ги води гледачите низ забавата на натпреварот, додека Воја Недељковиќ привремено ќе го замени креативниот директор на продукциската фотелја.

Почнувајќи од оваа сезона, Милан ќе ги поддржува родителите и пријателите на натпреварувачите зад сцената, додека Воја привремено ќе ја има улогата на модератор.

– Секоја година има некои новини во нашата шоу програма, вклучително и оваа година. Да одиме полека, чекор по чекор, како што знаете, има долг пат пред нас. Ќе се менува тука сешто, се може да се случи кога е „Ѕвезде Гранда“ во прашање“, изјави Ана Севиќ.

Жирито останува непроменето, но овојпат се соочува со поголем предизвик бидејќи нема да има можност да ги види кандидатите на сцената во првиот круг.

Пред себе членовите на жирито ќе имаат ѕид кој се спушта доколку гласаат за кандидатот.

Исто така, тие ќе имаат можност да го притиснат копчето за паника, а доколку мнозинството се согласи, кандидатот што не им се допаѓа автоматски е елиминиран од конкуренцијата.

Покрај новиот концепт на натпреварот, целосно е променета и сцената. Студиото е опремено со најсовремена технологија, има ново расветлување и голем видео бим правејќи ја новата бина најглуморозна досега.

Ништо без Саша: Новите правила на Саша Поповиќ го искомплицираа снимањето на „Ѕвездите на Гранд“

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....