5.8 C
Скопје
00:22 - 1 април, 2026

(Видео) Хрватската мис која е висока 191 см е хит на Тикток поради новото видео: „Те молам, помогни ми“

Видеото на хрватската претставничка на Мис Универзум, Лаура Гњатовиќ, стана вирално на Тикток, предизвикувајќи смеа на илјадници корисници.

Покрај нејзината висина од 191 сантиметар и елеганцијата, убавата Задранка ги освои симпатиите и со својот весел дух, што го потврдува и виралното видео што кружи на социјалните мрежи.

Имено, Лаура, која е висока импресивни 191 см, морала да се наведне за да ја дофати храната од шведската маса, бидејќи таванот очигледно бил пренизок за нејзината висина. Личноста којашто ја снимала ја прашала со смеење: „Дали ти треба помош?“, на што Лаура одговорила, исто така смеејќи се, дека ќе се справи некако. Дополнително се пошегувала со зборовите: „Те молам, помогни“.

 

@iamtrp225_th #missuniversecroatia2025 #missuniverse2025 #นางงามเด้อค่าofficial #นางงามเด้อค่า #iamtrp225 ♬ Funny – Gold-Tiger


Оваа година, Лаура се издвојува како највисока кандидатка на изборот за Мис Универзум.

Лаура Гњатовиќ, Мис Универзум Хрватска 2025, отпатува во Тајланд за 74-от избор за Мис Универзум. Спектакуларниот избор за убавина ќе се одржи на 21 ноември во Бангкок, а овогодинешната тема на изборот е „Моќта на љубовта“, со која организаторите сакаат да нагласат единство, јакнење и отпорност, а во 20-те дена што девојките од 130 земји ќе останат во Тајланд, ги очекуваат разни активности, од промоција на Тајланд како туристичка дестинација со богата култура, историја, гастрономија, до модни ревии, снимање и подготовки за финалниот избор. Освен Бангкок, каде што ќе се одржи изборот, девојките ќе ги посетат Пукет и Патаја.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....