5.8 C
Скопје
06:53 - 21 април, 2026

Хрватска се простува од младиот манекен Патрик Цветко: Светската слава беше пред него, но си замина ненадејно

Балканот остана шокиран од вчерашната тажна вест дека почина 28-годишниот модел и манекен од Хрватска Патрик Цветко. Висок 185 сантиметри, со руса коса и сини очи, Патрик според многумина беше еден од најбараните балкански модели во светот.

Пријателите откриваат и дека Патрик имал огромен талент за фотографија, но бил успешен и како диџеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrik Cvetko (@patrikcvetko)

Инаку, познато е дека зад него се бројни ревии, модни кампањи, едиторијали и учество на престижни модни настани како што е модната недела во Милано. Имаше илјадници следбеници на Инстаграм, а жените ширум светот воздивнуваа по манекенот кој самоуверено ја освои светската модна сцена.

Впечатливото русокосо момче во последните години живееше меѓу Загреб и Лос Анџелес, откако беше забележан и брзо земен под договор од страна на една од најпознатите светски модни агенции, Two Model Management, но Парик имаше и договор со престижната агенција IMG Models. со седиште во Лос Анџелес..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrik Cvetko (@patrikcvetko)

Патрик израснал во Загреб и покрај сите предиспозиции за манекенството, тој повик никогаш не бил особено привлечен за него. Но, неговата сестра била решена да го лансира својот брат во светот на моделството. Многу брзо згодниот тинејџер бил забележан надвор од границите на Хрватска и следеле понуди, потсетува Јутарњи лист.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrik Cvetko (@patrikcvetko)

– Почнав да се занимавам со манекенство на 19 години. Мора да се признае, никогаш не размислував да станам модел, ниту пак бев особено привлечен од таа професија. Всушност, сестра ми ме претстави и ме натера да се занимавам со манекенство. Првите работи ги направив во Загреб, но многу брзо почнав да добивам странски понуди од странски агенции во Европа и Америка – рече своевремено тој.

Од Патрик на социјалните мрежи се збогуваат многу негови пријатели кои пишуваат дека тој бил пример за добрина, љубов, пријателство и инспирација за другите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrik Cvetko (@patrikcvetko)

Патрик почина ненадејно на само 28 годишна возраст. Според хрватските медиуми, момчето добило епилептичен напад кој завршил фатално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrik Cvetko (@patrikcvetko)

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....