20:07 - 2 април, 2026

Хорор сцена на плажа во Сплит: Во жена удрил гром додека се капела

Жена денеска околу 15.15 часот била погодена од гром додека пливала во морето на плажата Кашјуни во Сплит и со повреда на главата била пренесена во Клиничкиот болнички центар.

На терен пристигнале службите за итна помош, пожарникари и полиција. На местото веднаш пристигнале две екипи за итна медицинска помош. Според порталот Слободна Далмација, жената ја оживувале, и за среќа итните служби успеале во тоа. Потоа итно била однесена бо Одделот за итни случаи во КБЦ Сплит.

Веројатноста да ве погоди гром во текот на животот е еден спрема 6250.

Стапката на смртност од удари од гром е помеѓу 10 и 30 проценти, а повеќе од педесет проценти од преживеаните доживуваат значителна вознемиреност потоа. Најчесто станува збор за оштетување на нервниот систем, се разбира доколку на тоа не се додадат механички и термички повреди.

Слични објави

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо
Се вчитува....