0.8 C
Скопје
17:44 - 22 декември, 2024

Харисон Форд наполни 80 години; 60 години снима филмови, а кариерата ја почнал како столар

Извонредниот актер на 13 јули дува 80 свеќи, a во 2023 година ќе го гледаме во „Индијана Џонс 5“. 

Оние кои ги сакаа Star Wars, Blade Runner и Indiana Jones тешко дека ќе поверуваат, но Харисон Форд полни 80 години.

Кариерата на големиот американски актер трае шест децении и може да се пофали со соработки со некои од највлијателните режисери на неговото време.

Харисон Форд е роден на 13 јули 1942 година во шведската болница Ковенант во Чикаго, во семејството на еврејска радио актерка Дороти Ниделман и поранешен актер и директор за маркетинг Џон Вилијам „Кристофер“ Форд, христијанин со ирско и германско потекло.

Дипломирал филозофија и бил извидник, Харисон Форд станал страстен за глума за време на неговите факултетски години во Рипон, Висконсин, а потоа се преселил во Лос Анџелес за да си ја проба среќата во Холивуд.

Првиот договор, вреден 150 долари неделно, е со Columbia Pictures, а потоа се префрла во студиото Universal, со кое работи во камео улоги за ТВ серии.

Во првата фаза од кариерата, идниот Индијана Џонс работел како столар и како снимател на концерти, но потоа во 1973 година, се случила пресвртницата: Џорџ Лукас го побара во „Американски графити“.

Стивен Спилберг беше тој што го предложи за ликот на Хан Соло во оригиналната епизода од епот „Војна на ѕвездите“ во 1977 година, легендарна улога која подоцна ќе ја толкува и во продолженијата.

Следува „Апокалипса сега“ , филм од 1979 година, заснован на романот на Џозеф Конрад, „Срцето на темнината“. Филмот со Марлон Брандо во главната улога, а во режија на Френсис Форд Копола, му е особено драг на Форд, толку многу што тој ги именуваше своите синови Бенџамин и Вилард по името и презимето на главниот јунак во филмот, кој го игра Мартин Шин.

Во 1981 година, со филмот „Raiders of the Lost Ark“, започнува серијата Индијана Џонс, базирана на авантурите на измислениот археолог создаден од Џорџ Лукас во чест на акционите херои од серијата филмови од 1930-тите. Ликот се појавува во четири филма во режија на Стивен Спилберг и телевизиска серија, како и во романи, стрипови, видео игри и други медиуми.

„Д-р Џонс, слушнавме многу за вас: професор по археологија, експерт за окултизам, и како велите вие? Истражувач на ретки антиквитети“.

Фразата од „Raiders of the Lost Ark“ го опишува и предвидува глобалниот успех на ликот:

Во 2003 година, Американскиот филмски институт го рангираше како втор најголем филмски херој на сите времиња, а во 2020 година, списанието Empire го избра за најголем филмски лик досега. Entertainment Weekly го рангираше на второто место на нивната листа на најкул херој во поп-културата, а списанието Premiere го стави на 7-то место на нивната листа на 100 најголеми филмски ликови.

Најновите подвизи на иконскиот херој ќе бидат во кината почнувајќи од 30 јуни 2023 година, бидејќи се снима „Индијана Џонс 5“, во режија на Џејмс Манголд.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....