14:16 - 10 ноември, 2026

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

Разводот на фолк-пејачот Харис Џиновиќ и модната креаторка Мелина Галиќ продолжува да ја бранува регионалната јавност. Пејачот во своето најново обраќање повторно отворено говореше за крахот на нивната долгогодишна заедница, истакнувајќи дека денес со поранешната сопруга немаат никаков контакт, дури ни кога се во прашање нивните деца.

Џиновиќ го појасни и својот претходен став дека сам си е крив што „премногу давал“, нагласувајќи дека не мислел на парите, туку на апсолутната слобода што ѝ ја овозможил во нивниот дом:

„Луѓето тоа не го сфатија добро. бев крив што премногу давав и што во куќата немаше поставено никакви граници. Можеше да замине кога сака, да се врати кога сака, да патува каде сака и да троши колку сака… Не е важно колку чинеше сè тоа, јас искрено ја сакав. Но, така сакаше госпоѓата — дама не може да биде. Мислеше дека на крајот од светот има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив и јас“.

Додека Харис не се воздржува јавно да изнесува детали, Мелина и понатаму одбира да молчи, а пејачот кратко порача дека вестите за нејзиниот нов партнер воопшто не го засегаат бидејќи таа за него е само далечна минатост.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....