14:43 - 12 ноември, 2026

Хари и Меган Маркл не се поканети на роденденот на кралот Чарлс

Принцот Хари и Меган Маркл нема да присуствуваат на Trooping the Color во Лондон за да го прослават роденденот на кралот Чарлс. Парот повтор пат не бил поканет на гала настанот, пренесува People.

Тоа доаѓа откако војводата од Сасекс, кој не се сретна со својот татко за време на неговата посета на Лондон минатиот месец, ја одби поканата на неговото височество да остане во кралската резиденција бидејќи имал „безбедносни грижи“.

Војводите од Сасекс се уште не ја коментирале оваа информација.

Меган и Хари првпат присуствуваа на Trooping the Color заедно во 2018 година, еден месец по нивната венчавка во Виндзор. Тие повторно се појавија на балконот на Бакингемската палата во 2019 година, неколку недели по раѓањето на нивното прво дете Арчи.

Настанот беше намален во однос на прсуството на гости во 2020 и 2021 година поради пандемијата на коронавирус. Се одржа во замокот Виндзор без вообичаениот голем собир на членовите на кралското семејство. Но, церемонијата беше вратена во сиот свој сјај во 2022 година за да го одбележи платинестиот јубилеј на покојната кралица Елизабета.

Хари сега мора да ја извести Метрополитенската полиција 28 дена пред да пристигне во Лондон ако сака да побара безбедност, при што секое барање ќе биде разгледано поединечно од Равек, комитетот што ја надгледува заштитата на кралските и јавните личности.

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.
Се вчитува....