10.8 C
Скопје
20:31 - 24 март, 2026

Хајди Клум: „Можам да спречам лицето да не ми се поти. Тоа е талент“

Манекенката Хајди Клум гостуваше во „The Late Night Show with Stephen Colbert“ и пред камерите ја откри својата изненадувачка вештина со која успева да спречи нејзиното лице да се поти.

Таа објасни дека шминкерите на снимањата често имаат задача да ги задржат лицата на ѕвездите без сјај.

-Постојано доаѓаат да ставаат пудра на лицата – рече Клум и потоа додаде дека самата себеси се предупредува дека лицето не смее да и се испоти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

– И тогаш се потам секаде каде што не гледата – се пошегува таа покажувајќи кон пазувите.

– Тоа е мојот талент. Скриен е затоа што не го покажувам – додаде таа.

– Поминувам два часа на шминкање, а потоа се појавува тој без трошка шминка – се пошегува Хајди за снимањето на емисијата „Making The Cut“, која ја води заедно со колегата Тим Ган и за нивните различни подготовки за настапот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

За време на едно гостување, манекенката зборуваше и за нејзините славни нозе кои и се осигурени. Нејзиниот менаџер наводно дошол на таа идеја.

– Отидов во Лондон и посетив место каде што се проценуваат делови од телото, а нозете ми поминаа со ’цена’ од два милиони долари. А интересното е што левата ми е помалку вредна бидејќи на неа имам лузна од исечена чаша, а десната е вистинско богатство – откри таа во американското шоу Extra at The Grove.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Слични објави

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо
Се вчитува....