6.8 C
Скопје
06:43 - 21 февруари, 2026

Горан Иванишевиќ го дал за лекување на сестра му целиот награден фонд што го освоил на Австралија Опен: „Парите ги носев со мене во јакна…“

Патот до успехот на познатиот тенисер Горан Иванишевиќ не беше нималку лесен.

Токму кога требаше да оди на својот прв Австралија опен, татко му му ја соопшти тажната вест. Имено, неговата сестра Срѓана се борела со леукемија и од таа година, 1988, започнува тажната приказна за семејството Иванишевиќ.

Горан тогаш имал 17 години и имал силна желба да и помогне на својата сестра, која исто така била бремена, а очајно ѝ биле потребни пари за лекување.

„Пред да заминам, татко ми ми рече: „Види, имам лоши вести, сестра ти е болна, треба да и се посветиме, сега си сам“. Третманите за тој тип на болест, од која починаа многу луѓе, беа многу скапи и не спиев таа вечер. Но, отидов во Австралија и загубив во квалификациското финале за Аделаида. Сепак, влегов на Австралија Опен и станав првиот играч кој стигнал до четвртфиналето од квалификациите“, се сеќава Иванишевиќ.

„Целиот награден фонд што го заработив го земав во кеш, а дотогаш го гледав само на телевизија. И тогаш, се сеќавам, отпатував на Дејвис купот против Данска во Белград и сите тие пари ги носев со мене во јакната. Стјуардесата ме праша 16 пати дали ќе ја соблечам јакната, јас секој пат одбивав и велев: „Не, добро ми е вака“, изјави своевремено поранешната тениска ѕвезда.

Кога дошол дома, Иванишевиќ му ја дал на својот татко јакната во која биле сите пари од освоената награда за да може да го плати лекувањето на Срѓана, чија борба траела повеќе од 30 години, а таа зад себе оставила три деца, Лана, Горан и Иван.

Имала рак на лимфните јазли, била подложена на огромно зрачење. Болеста не се вратила, но сите ткива биле оштетени, особено белите дробови и срцето. Една година пред смртта имала тешка пневмонија. Вирусот го нападнал и срцето, па била подложена на операција која траела цели 11 часа. Се поминало добро, планирале како да ја разбудат, меѓутоа, се развила хипертензија и не можеле да ѝ помогнат.

Срѓана починала во 2019 година на 53-годишна возраст.

Вербалната комуникација на Ѓоковиќ и Иванишевиќ на теренот во пет необични правила: „Зошто се смееш, Горане?“

 

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....