08:48 - 2 јануари, 2026

Ѓоле Ѓогани му се заканувал на организаторот на скандалозниот новогодишен настап? Музичарот ја откри вистината!

Ѓоле Ѓогани јавно одговори на обвинувањата дека му се заканувал на организаторот на новогодишниот настап, Хусеин Велаѓиќ, откако тој изјави дека трпи закани и дека завршил во болница.

Ѓоле и неговата сопруга Весна Ѓогани ја прекинаа новогодишната забава и јавно го обвинија организаторот дека избегал со парите и дека не им бил исплатен договорениот хонорар. По овие наводи, Велаѓиќ излезе со тврдења дека бил изложен на закани.

Ѓоле Ѓогани категорично ги демантираше ваквите обвинувања, истакнувајќи дека никогаш не се заканувал никому и дека не е човек кој бара скандали. Како што нагласи, единствената причина зошто јавно проговорил е желбата јавноста и неговите колеги да знаат што им се случува на изведувачите.

– Никому не сум му се заканувал, тоа се глупости, како и приказната дека тој се обратил во полиција. Тој човек никогаш не би смеел ништо да пријави, бидејќи сите го знаат и одамна е изгубен случај. Да отишол во полиција, прво него ќе го затвореле. Ништо од тоа не е вистина. Тој измамил многу познати луѓе од естрадата, но тие молчеле. Јас решив да ја прекинам таа тишина и мислам дека изведувачите јавно треба да кажеме што ни се случува – изјави Ѓогани.

Говорејќи за настаните од новогодишната ноќ, Ѓоле објасни дека тој и Весна сакале до крај да ја испочитуваат публиката, нагласувајќи дека во четири децении кариера никогаш немале ваков проблем.

– Не се работи само за нас. Не бил платен ниту фотографот, ниту кетерингот, никој во салата. Пеевме до полноќ, а кога луѓето излегоа надвор да гледаат огномет, ни пријде сопственикот на локалот и ни рече дека мора да ја прекинеме музиката бидејќи Хусеин си заминал без да ја плати салата, во која имаше меѓу 300 и 400 луѓе. Ми кажа дека ова му е втора година по ред да биде измамен од истиот човек – раскажа Ѓогани.

Според Ѓоле, организаторот земал пари од околу 400 продадени карти и вкупно инкасирал повеќе од 40 илјади евра, заедно со приходите од пијалаци и храна, а потоа исчезнал без никого да исплати.

– Не е точно дека ни дал 11 илјади евра, тоа се глупости. Подготвен е да каже сѐ, бидејќи не очекуваше јавно да му го спомнам името и да се крене толкава фрка – додаде тој, повторно негирајќи дека некогаш му се заканувал или праќал луѓе на негова адреса.

По кратка пауза, Ѓоле и Весна сепак повторно излегле на бината и настапиле без да бидат платени, исклучиво поради публиката.

– Луѓе ѝ влегуваа на Весна во соблекувалната и ѝ велеа дека патувале по 300 километри за да нѐ слушаат. Таа рече: „Кој ги сака парите, ајде да пееме за нашата публика“. Го молев сопственикот на салата да ни дозволи да продолжиме и атмосферата потоа беше одлична – раскажа Ѓоле.

Весна Ѓогани изјави дека разговарала со деловниот партнер на Велаѓиќ, кој, според неа, исто така бил измамен.

– Успеа да изнервира над 300 луѓе. Неговиот партнер, угостител, наивно му верувал и останал изигран. Земал пари од него, уверувајќи го дека сѐ е платено. Луѓето го барале уште вечерта пред Нова година и му кажале дека никој не е исплатен, па повторно морал да дава пари од свој џеб – рече Весна.

Таа додаде дека не сакала да ја изневери публиката и дека, иако дел од луѓето си заминале, ѝ било жал за оние што останале.

– Ова е лекција за мене. Свесна сум дека ретко кој колега би излегол да пее без пари, но не сакав со толку лоша енергија да ја дочекам Новата година – заклучи Весна Ѓогани.

Слични објави

(Фото) Водителката Александра објави прва слика од синчето Лука: Побогати за еден цел свет

msp-admin

(Фото) Деколте, длабок шлиц што ги открива долгите нозе: Ана Ивановиќ ја испрати 2025 година во секси издание

Еспресо

„Мислете на богатство во 2026 година. Без пари не се може“: Лепа Брена откри кои се нејзините желби

Еспресо

(Видео) Цеца блеснала во црвено за дочекот на Новата година, бујното деколте во преден план

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова сала за минимално инвазивни интервенции

Еспресо

(Фото) Во злато од глава до пети ја распамети публиката: Теа Таировиќ влезе во Новата година како грчка божица

Еспресо
Се вчитува....