7.8 C
Скопје
00:52 - 31 март, 2026

Ѓоко Јовиќ за неговата најголема тага: Мајка ми ја погребавме и јас морав…

Тежок живот со многу искушенија имал фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ. Кога ја загубил својата мајка, тој морал да направи нешто за кое му требало многу сила.

-Мајка ми кога почина, ние ја погребавме, и веднаш вечерта јас морав да пеам на фестивал“, рече пејачот во најавата за емисијата „Животна приказна“ која се емитува на МТВ.

Потоа, тој зборувал за своето тешко детство, кога нижел тутун: „Јас секој ден сум плачел, значи не ми се идеше на тутун“, рече Јовиќ.

Ѓоко, кој е денес татко на четири деца потекнува од Валандово. Неговите родители се занимавале со земјоделие, а најмногу со одгледување тутун.

Фото / Инстаграм

-И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура. Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа.

Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот“, рече пејачот во една прилика во „Женски магазин“.

Јовиќ е еден од најангажираните на настапи, турнеи и сите видови веселби, а кога ќе дојде дома го чека неговата петорка, четирите деца: Теодора, Михаил, Јоан и Дарин, и неговата сопруга Ивана.

Фото / Фејсбук

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....