Гога Секулиќ, по неодамнешната смрт на својата мајка, решила да се тргне од секојдневието и заминала на семејно патување во Русија. Сепак, не сè се одвивало според планот, па во Белград се вратила порано од предвиденото.
Пејачката пристигнала во хотел во Санкт Петербург, но по само неколку дена престој следела драма. Во комплексот каде што била сместена снемало интернет, а кога се обратила на рецепција за да дознае што се случува, добила информација што ја натерала веднаш да се врати во Србија.
Ѝ било кажано дека постои можност да дојде и до прекин на електричната енергија и дека тоа е поврзано со војната. Гога без двоумење одлучила веднаш да купи билети за првиот лет кон Србија и да се врати дома, иако билетите што ги имала за планираното враќање пропаднале.
Извори блиски до пејачката велат дека таа се вратила пет дена порано од планираното, а оваа одлука ја чинела скапо. Вклучувајќи ги и претходно купените билети, како и новите, потрошила околу 5.000 евра.
По враќањето, таа детално објаснила што се случувало:
– Да, бевме во Русија и прво почнавме да губиме сигнал на телефоните. Ситуацијата беше напната. По интернетот најавија и прекин на струја, што ми беше сомнително. Си реков: Гордана, бегај, почнува војна! И веднаш го сменивме датумот на враќање, купивме нови билети и се вративме во Белград – изјавила таа.
По смртта на мајка ѝ се повлекла од јавноста
Да потсетиме, Гога во изминатиот период се повлече од јавноста по смртта на нејзината мајка Нада Секулиќ. Две недели не објавувала ништо, освен емотивни пораки и посети на гробот, а потоа споделила момент од приватниот живот кој покажува дека во тешките денови има поддршка од најблиските.
На фотографија направена во популарен белградски ресторан, таа позира насмеана во друштво на пријателка. Двете уживале во пријатна атмосфера, а според објавата, роденденот поминал во знак на поддршка, блискост и долгогодишно пријателство.
Кратката порака „И во добро и во зло“ многумина ја протолкувале како јасна алузија на сè низ што поминала во последниот период. Во моменти на тага, но и лични пресврти, со неа останале оние што ѝ се најблиски.
Се чини дека Гога овој пат го дочекала роденденот помирно од кога било – без голема помпа, но со луѓе кои навистина ѝ значат. А токму тоа, според нејзината објава, било најважно.
