15:33 - 1 април, 2026

Годинава кобна за 67 новинари – биле убиени на работна задача

Ширум светот во текот на годинава се убиени 67 новинари и медиумски работници, што е за 30 отсто повеќе во однос на 2021 година, се наведува во новиот извештај на Меѓународната федерација на новинари.

Минатата година се убиени 47 новинари и медиумски работници.

Според Меѓународната федерација на новинари, за порастот на бројот на убиени новинари и медиумски работници, најмногу придонесе војната во Украина, нередите во Хаити и растечкото насилство на криминалните банди во Мексико.

Поради известување, ширум светот моментално се притворени 375 новинари, најмногу во Кина, Мијанмар и Турција. Минатата година во затвор биле 365 новинари.

Со оглед дека бројот на убиени медиумски работници е во пораст, Меѓународната федерација на новинари ги повика владите да преземат конкретни чекори за заштита на новинарите и слободното новинарство.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....