-3.2 C
Скопје
04:50 - 22 декември, 2024

Го сакала до последен здив, а си замина набргу по него: Љубовната приказна на Ивана Трамп и Росано Рубиконди

Четвртиот сопруг на американската милијардерка, Росано Рубиконди почина неколку месеци пред неговата поранешна сопруга, со која остана до крајот поврзан со длабока наклонетост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Mini (@andreamini86)

Ивана Трамп заминува само 9 месеци по Росано Рубиконди, нејзиниот четврти сопруг, вториот сопруг Италијанец по Рикардо Мазучели.

Роден во Рим, модел и телевизиско лице, Рубиконди почина на 29 октомври 2021 година, поради меланом. Рубиконди стана славен во Италија преку тв-изданието „Островот на славните“ во кое учествуваше од 2008 година, истата година кога се случи и бракот со Ивана Трамп. И покрај тоа што беше елиминиран во текот на осмата епизода, тој стана добро познато лице. На островот се враќаше уште два пати, во 2010 година како дописник и во 2012 година уште еднаш како натпреварувач. Тој беше водител и на телевизиската емисија „Купидо“ (2009 година), а учествуваше и во филмот „Божиќ во Беверли Хилс“.

Врската помеѓу Ивана Трамп и Рубиконди долго време ги полнеше страниците на озборувачките рубрики, главно поради разликата во годините меѓу нив двајца. Бракот им беше краток, но нивната љубов потоа се претвори во врска на длабока наклонетост, која траеше до смртта на Рубиконди.

Го платила неговиот погреб и сочувала дел од пепелта

Ивана Трамп го плати неговиот погреб во Соединетите држави, а на родителите им ја соопшти на желбата да сочува половина од пепелта на нејзиниот поранешен сопруг. „Сакам да испратам порака полна со љубов до неговите родители. Се чувствувам многу среќна што поминав со него дваесет години, дваесет години пријателство и брак. Имавме подеми и падови, како и сите други, но секогаш сме биле пријатели за да се заштитиме“, соопшти тогаш Ивана.

Ивана се омажила четири пати, од кои последниот пат, со Росано Рубиконди, во периодот од 2008 до 2009 година.

Ивана и Росано беа во врска шест години пред да одлучат да се венчаат. Свадбата била прославена со церемонија од 3 милиони долари пред 400 гости. Свадбата се одржа на имотот Мар-а-Лаго, во сопственост на Доналд Трамп.

Поради него почна да се појавува во телевизиски емисии и реални шоу-а

Росано влијаеше на Ивана да се појави на телевизиски шоу-а, а тој беше одличен познавач на таквите шоу програми. Така, таа и во САД и во Италија неколку пати беше протагонист на малите екрани. Меѓу нив, на 17 март 2010 година, тој беше гостинка-ѕвезда во „Островот на славните“ (Isola dei Famosi), а беше и водителка на американскиот канал Oxygen,на  реално шоу насловено „Ivana Young Man“, во кое глумеа разведени 40-годишни жени кои бараат помлад маж. Во 2010 година, таа учествуваше во „Celebrity Big Brother“.

Отсекогаш се знаело дека фаталната Ивана беше слаба на Италијанците, а најголемо внимание привлече нејзиниот последен сопруг – Росарио, 23 години помлад од неа.

Шармантниот актер и модел остана во брак со Ивана една година, но и по разводот останаа во пријателски односи.

Колку беа блиски говори и тоа што Росано првпат и кажал дека е тешко болен во 2018 година. За жал, Рубиконди минатата година почина од рак на кожата.

Ги простувала сите негови навреди

Со темпераментен карактер, актерот не ја штедел Ивана со своите коментари, па во една прилика бил и многу груб со неговата изјава нарекувајќи го семејството Трамп „ѓубре“, но таа секогаш се му простувала.

– Никогаш не зедов ниту денар од нивното семејство. Овие луѓе прават се за пари. Воопшто немаат срце, ѓубре се. Зборуваме за многу глупи деца, освен за Иванка. Тие се одвратни, тешки ѓубриња и пред да зборуваат за мене, треба да си ја измијат устата со сапун. Тие се срам за човечкиот род – рече Рубиконди своевремено по разводот.

Прераната смрт на Италијанецот многу ја погоди Ивана Трамп, а неговите родители и дозволија да чува половина од неговата пепел, па таа ја чуваше урната до последниот ден.

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....