5.8 C
Скопје
06:55 - 1 април, 2026

„Го молам Господ да најде сила и да победи“: Позната состојбата на Жарко Лаушевиќ откако заврши во болница

Актерот Жарко Лаушевиќ неодамна поради проблеми со белите дробови заврши во болницата во „Бежанијска коса“, а по неколку дена беше пуштен на домашно лекување.

Режисерот Радош Бајиќ сега на прес-конференција проговори за состојбата на Жарко и како што рече, уверен е дека ќе најде сила и ќе победи.

– Лаушевиќ е силен човек, паметен, психички многу силен. Таков е животот, понекогаш се појавуваат неволји и проблеми. Сериозно се занимава со својот проблем, редовно се слушаме. Го молам Бога и убеден сум дека ќе најде сила и ќе победи – изјави Радош Бајиќ.

Да потсетиме, како што тогаш пишуваа српските медиуми, Жарко Лаушевиќ беше итно хоспитализиран. Актерот потоа беше примен во КБЦ „Бежанијска коса“, каде за него се грижеа голем број лекари.

Жарко Лаушевиќ тогаш беше подложен на испитувања, а извор близок на актерот рече дека без разлика на ситуацијата, Лаушевиќ не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ во текот на летото, на која работел во Аранѓеловац.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....