4.8 C
Скопје
08:05 - 14 март, 2026

Гласините за убиството на Вовк се од „жолт печат“: „Таков случај не е познат во Австрија“, Австриското МНР не ја потврди веста

Австриското Министерство за внатрешни работи не ја потврди смртта на Наталија Вовк, украинска државјанка која, според ФСБ, ја уби новинарката Дарија Дугина. Претходно австрискиот весник „Експрес“ напиша дека Вовк била пронајдена мртва во изнајмен стан со 17 убоди и белешка во раката.

„По консултација со нашите колеги од Управата за државна безбедност и разузнавање, можеме да ве информираме дека таков случај не е познат во Австрија. Затоа, не можеме да ја потврдиме точноста на оваа информација “, соопштија од министерството.

Претходно, австрискиот „Експрес“ објави текст во кој се наведува дека Наталија Вовк наводно била пронајдена убиена во изнајмен стан. Не е наведена земјата или градот каде што се наоѓа овој стан. Во исто време, изворот на информации изгледал сомнителен (Телеграм).

„Ноќта, таа [Вовк] беше пронајдена мртва во изнајмен стан. Со 17 убоди на телото и белешка во раката“, цитира Експрес анонимни профили на телеграм во кои пораката за смртта на Вовк се шири „со брзина на шумски пожар“.

За какви профили на Телеграм станува збор, написот не прецизираше. Според Комерсант, извор на информации биле каналите кои дистрибуирале рекламен пост со наслов за убиството на Вовк – овој метод на фиктивни „вести од висок профил“ често се користи за „промоција“.

Покрај тоа, Експрес објави и матна фотографија од наводно мртвото тело на Вовк. Сепак, фотографијата објавена како доказ е преземена од вестите на каналот РЕН-ТВ на 22 јули 2020 година кога раскажуваше за смртта на 26-годишниот московјанец кој беше убиен во 2020 година две недели пред свадбата.

Весникот „Експрес“ има репутација на „жолт печат“. Еден од најпопуларните зборови во неговиот материјал е „angeblich“ („наводно“).

Слични објави

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо
Се вчитува....