11:48 - 4 април, 2026

Генијалниот Алесандро Микеле се збогува со „Гучи“ – почна со театарски костуми, а си оди како голем креатор на висока мода

Алесандро Микеле, 49-годишниот дизајнер играше фундаментална улога во создавањето на Гучи она што е денес овој бренд, изјави денеска извршниот директор на конгломератот, Франсоа-Анри Пино откако дизајнерот со светски глас се повлече од функцијата креативен директор, по речиси осум години на оваа функција.

Микеле во сиот овој период беше клучен во подемот и помогна да оживее и да се трансформира богатството на италијанската етикета на висока мода.

„Патот што Гучи и Алесандро го поминаа заедно во изминатите години е единствен и ќе остане како исклучителен момент во историјата на Гучи. Неговата страст, неговата имагинација, неговата генијалност и неговата култура го ставаат Гучи центар на сцената, каде што е неговото место“, рече Анри Пино.

Алесандро Микеле  е роден на 25 ноември 1972 година). Тој во италијанската модна луксузна куќа работеше од 2002 година. Познат по своите максималистички дизајни, Алесандро Микеле ја оживеа популарноста на Гучи, особено со естетика на Geek-Chic. Тој беше одговорен за сите колекции на Гучи и имиџот на глобалниот бренд од јануари 2015 година додека не се повлече од улогата во ноември 2022 година.

Алесандро Микеле пораснал во Рим. Неговиот татко бил техничар на Алиталија, а мајка му асистент на директор на филм. Во раните 1990-ти, Алесандро Микеле ги завршил студиите за моден дизајн на Академијата за костими и мода во Рим, каде научил да дизајнира и театарски костими и модни облеки.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....