7.8 C
Скопје
19:46 - 31 март, 2026

Фута првпат јавно проговори за конфликтот со Карлеуша и Лукас: Треба да му платат авторски права за секоја песна што ќе ја изведат

Во српска телевизиска емисијата преку телефонски повик се приклучи и Александар Радуловиќ Фута, каде зборуваше за конфликтот со пејачите, на кои поради автрски права им беше затворен Јутјуб каналот.

– Јас сум еден од првите што ја започна приказната! Побаравме отштета на основа на тие песни кои некој прват ги снимил. Ова се нарекува право на прва изведба. За секоја друга снимка, кавер и слично, мора да се побара согласност за снимање. „Јутјуб“ бара согласност од пејачот, издавачот, композиторот за да ја постави песната на нивниот канал – изјави Фута во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

Иако пејачите ги купиле песните од неговата покојна сопруга Марина Туцаковиќ и неговиот покоен син Милан Радуловиќ Лаќа, Фута како нов сопственик на тие права бара пејачите да му платат за повторно изведување на песните. Тоа би значело и дека треба да му платат на Фута за секоја песна што сакаат да ја изведат каде било, а како што пишуваат српските медиуми, со овој потег би биле оштетени и композиторите кои работеле на тие песни, бидејќи имаат права на хонорари.

Поради ова Фута влезе во конфликт со неколку пејачи, меѓу кои најгласни беа Аца Лукас и Јелена Карлеуша. Таа го нарече уценувач, додека Лукас го навредуваше преку медиумите, по што Фута возврати, а навреди почнаа да врнат од двете страни.

Фута неодамна откри и дека го тужи Лукас, не поради авторски права и Јутјуб туку поради некаков долг. Како што тврди, Лукас му должи пари за две пресуди, па Фута решил парите да ги добие преку јавни извршители.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....