6.8 C
Скопје
04:31 - 21 февруари, 2026

Фута не личи на себе откако го загуби и вториот син Лаќа: Пријателите стравуваат да не се самоубие

Текстописецот Милан Радуловиќ Лаќа, син на покојната хитмејкерка Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Радуловиќ – Фута, завчера беше пронајден мртов на улица во Израел, а Фута е вон себе откако слушнал дека го изгуби и вториот наследник, и како што пишуваат српските медиуми, повеќе не му се живее.

Според српските медиуми, Радуловиќ вчера цел ден бил во куќата со кумот Маријан Петровиќ и неговиот најдобар пријател кој не го оставале сам, зашто стравувале да не посегне по сопствениот живот.

Имено, пријател на семејството Радуловиќ изјавил дека Фута го убила веста дека Лаќа е мртов, а дека сега личи на растение и само вели дека ниту тој повеќе не сака да живее. Како што рекол, според српските медиуми, Фута само чека телото на неговиот син да биде пренесено во Србија за да може да го погреба во мир.

– Последната информација која Фута ја имал од разговорот со синот е дека тој требало да се врати во Србија на 19 декември. Од 12 декември не знае што се случило со Лаќа, затоа го пријавил за исчезнат, но мислел дека се е во ред, бидејќи знаел дека е далеку и дека е на пат. Кога му кажале дека е пронајден мртов, целиот свет му се срушил во тој момент…Човекот изгуби се. Веќе не е истиот човек – вели семеен пријател на семејството Радуловиќ и открива дека кумот на Фута Маријан и уште неколку пријатели на Лаќа сега не се одвојуваат од Фута, зашто се плашат дека тој ќе си пресуди, со оглед на тоа што не се помирува со фактот што остана без двете деца, пишува српска Република.

На фотографијата – Марина Туцаковиќ со синовите и со Фута. Само Фута остана жив.

 

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....