14:27 - 19 ноември, 2026

(ФОТО) ЖЕЉКО САМАРЏИЌ СТАНА ДЕДО ПО ЧЕТВРТИ ПАТ: Внуката Анѓелија е крстена по посебна жена

Пејачката Миња Самарџиќ, ќерката на познатиот пејач Жељко Самарџиќ, се породи и на свет донесе девојче!

Жељко Самарџиќ од синоќа има голема причина за славење, откако се пофали со внуката Анѓелија. Четвртото внуче донесе радост и среќа во домот на Самарџиќ.

Пејачот ги откри и првите впечатоци.

– О, се чувствувам прекрасно! Синоќа ја однесовме ќерка ми Миња да се подготви за денес, но бебето сакаше што побрзо да се роди. Во куќата владее голема радост и сите сме многу среќни, па на секој драг пријател би сакал да му посакам нешто вакво – изјави Жељко со широка насмевка за „Гранд онлајн“.

(ФОТО)ЖЕЉКО САМАРЏИЌ САМО ШТО НЕ СТАНАЛ ДЕДО: Миња објави фотографии од бременоста и ги разнежни сите

– Во мојот живот има едно драго суштество, мојата покојна тетка Анѓелија, која многу ја сакав, а Миња реши така да ја нарече својата ќерка. Сопругата на Саша Матиќ беше прва на која ѝ испратив порака, и напишав: „Само да знаеш дека се роди уште една Анѓелија“ – откри пејачот.

Слични објави

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.
Се вчитува....