15:12 - 1 април, 2026

(Фото) Жељко Бебек е премногу среќен, му се оствари најголемиот сон: „Предвремен подарок за 80. роденден“

Легендарниот музичар Жељко Бебек на социјалните мрежи се пофали дека го добил најдобриот роденденски подарок што можел да го посака.

„Кон крајот на годината мислам дека ќе ја реализирам мојата долгогодишна идеја, да снимам албум во живо во најпознатото студио на светот, лондонскиот „Abbey Road““, изјави тој во едно интервју. А сега, на социјалните мрежи објави фотографии на кои позира пред и во прочуеното лондонско студио, каде што дошол да снима заедно со својот син.

„Предвремен подарок за 80-ти роденден!“, напиша Жељко, кој во декември ќе наполни 80 години, а во коментарите многумина му честитаа на успехот. Претходно откри дека во Лондон му се придружила и сопругата Ружица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Željko Bebek (@zeljkobebek)

„Почеток на остварување на уште еден сон“, порача покрај фотографијата со сопругата, која воедно му е и менаџерка.

Жељко во работата ги вклучи и своите деца. Синот Звонимир веќе со години свири гитара во неговиот придружен бенд, а ќерката Катарина ги води неговите профили на социјалните мрежи.

 

Инаку, Ружица е третата сопруга на Жељко, а тој од претходните бракови има уште две ќерки. Со првата сопруга Споменка ја има ќерката Силвија, родена во 1974 година, а вториот брак го склопил со Сандра, со која ја има ќерката Бјанка, родена во 1981 година.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....