6.8 C
Скопје
06:19 - 30 март, 2026

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Владо Јаневски прослави роденден со згодни жени околу него и со роденденска торта, во Гевгелија каде што сега живее.

Пејачот и автор инаку наполни 65 години, а изгледа доста помладо и се одржува во добра форма. Од роенденската забава во едне познат хотел во Гевгелија беа објавени слики на неговиот официјален Фејсбук профил.

-Си го сакам Скопје, Чаир ми е засекогаш врежан во срцето, но и во Гевгелија ми е убаво. Овде сум веќе три години и не познавам многу луѓе- рече Владо Јаневски во едно неодамнешно интервју за „Слободен печат“, па потоа додаде:

-Таму сите ме третираат како да сум нивен отсекогаш, и тоа многу ми значи. Иако живеам на самата граница, не одам во Грција. Живеам мирно и спокојно. Во деновите кога не работам (а такви се околу 300 во годината), најчесто правам сè исто- рече пејачот кој на 14 февруари ќе одржи заеднички концерт со Бајага во Арената „Борис Трајковски“.

-Некој во младоста да ми кажеше дека олку ќе ми биде убаво во душата и удобно во сопствената кожа на овие години, сигурен сум дека немаше да му поверувам! Не ги мислам воопшто годините, ни тие зад мене ни тие пред мене. Не сум носталгичен по природа и не престојувам баш често во сопственото минато – вели Јаневски.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....