Здравко Чолиќ со семејството живее во Белград, а како што неодамна беше објавено, луксузната вила во Кошутњак повеќе не е во негова сопственост. Познатиот пејач ја продаде куќата за повеќе од еден милион евра, пренесува српски Свет.
Имено, хрватските медиуми пишуваат дека Здравко Чолиќ купил стан во Пула, во Марина Веруда, една од зградите што се гради како дел од атрактивен и скап проект кој се наоѓа на границата меѓу марината и плажата Пјешчана увала.
Станува збор за станбен комплекс кој се наоѓа на еден рид над пристаништето кој се надвива над заливот и нуди нереален поглед.
Бидејќи се работи за еден од најголемите и најскапите проекти во Пула, цената за метар квадратен од околу 5.500 евра не треба да чуди. Планирано е да се изградат околу 150 станови распоредени во пет луксузни згради.
Инаку, легендата на музичката сцена брзо нашла купувач за имотот во Белград, а каде е моментално неговиот нов дом, останува непознато. За оваа негова одлука на големо се зборува, додека се знае зошто решил да го продаде величествениот имот.
View this post on Instagram
„Чола е голема ѕвезда, но го живее животот како и секој друг граѓанин. Мирно, тивко, семејно и едноставно. Уште за време на короната размислуваше да ја продаде куќата и неодамна го сфати тоа. Сакаше да ја промени средината и штом им кажа на пријателите дека има намера да се пресели, брзо најде купувач. Додуша, претходните години имаше неколку понуди за куќата, но тоа го правеше само кога мислеше дека моментот е погоден. Иако го познавам, овој пат не сум информиран каде се преселил од Чукарица. Сега времето е добро, ќе останат или во Босна и Херцеговина, или некаде на крајбрежјето“, изјави неодамна соговорник за српски „Курир“ и додаде:
„За неговите движења во летната сезона знае само неговото семејство. Извесно е дека ќе има неколку настапи на црногорското приморје, па сигурно ќе го спои убавото и корисното и ќе одмори. Секако, ако има нешто да се поправи или реновира во новиот дом, тој ќе биде готов до есен, кога семејството на Здравко ќе се врати во Белград“.