0.8 C
Скопје
05:02 - 20 март, 2026

(Фото) За концерт на Александра Пријовиќ „горат“ билетите во препродажба: Достигнуваат цена и по 175 евра!

Српската пејачка Александра Пријовиќ откако распродаде пет Арени во Загреб, концерти кои се пред неа, паралелно полни и концерти во сараевска Зетра. До сега се распродадени три концерти, а билетите на онлајн платформите се продаваат по значително повисока цена отколку во продавница, пишуваат босанските портали.

Така, на шопинг сајтот olx.ba може да најдете билети за препродажба, а цената по билет за ВИП секторот за првата вечер (28 октомври), која вообичаено чини 50 конвертибилни марки (босанска валута)-односно 25 евра, сега се нуди за дури 350 км, односно 175 евра.

Втор профил нуди четири билети за истиот ВИП за втората вечер, чија редовна цена би била 200 км, за 500 км, односно за 250 евра.

принтскрин

Исто така, може да се купат и билети во препродажба за еден од петте концерти на Александра во Загреб, чија цена е 170 км (85 евра) по билет за горни трибини, додека редовната цена е 27 евра или 52,80 км.

Сепак, „апсолутен победник“ беше неодамнешната реклама за билети за концерт ви загрепската арена, кои сопственикот ги продаваше за 10.000 евра за два билети (односно 5.000 евра по билет).

Пријовиќ стана регионална сензација откако успеа да распродаде низа концерти низ регионот – три во Белград кои веќе се одржаа, а најави пет концрти во Загреб и по три во Ниш и Сараево.

Слични објави

Бремената Едита Арадиновиќ се огласи и замоли за помош: „Опасно се разболев…“

Еспресо

(Фото) Петар Грашо наполни 50 години: Погледнете кои ѕвезди биле на роденденската забава на пејачот

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

„Нема потреба да ми се јавува“: Милица Тодоровиќ го прекина контактот со колега по изјавите за нејзиниот партнер

E.A.

Нивес Целзиус во 4 наутро се пожали на здравствен проблем: „Најдобро е повеќе да не снимам“

E.A.

Гога Секулиќ избегала од Русија: Го прекинала одморот поради страв од војната

Еспресо
Се вчитува....