22:02 - 29 јануари, 2026

(Фото) Врчак се реши за голема животна промена, во приказната е и Антониа Гиговска

Раде Врчаковски- Врчак реши да направи голема животна промена. Еден од нашите најпознати рапери во последно време е почесто присутен во јавноста со интересните слики и статуси кои ги споделува на Фејсбук.

Иако подолго време не снима ништо ново, уште се актелни неговите постари хитови како „Пред да заспијам“, а Врчак со нив стана ѕвезда во 1990-тите и остана до денес.

„Моментална тежина 69 килограмо, цел 66 килограми. Од 66 до 69 сум цел живот ама на 66 сите стомачни ми се како нацртани, на моја 177 см висина 66 kg ми е перфектна оптимална килажа. Дебатата вчера беше колку кила имал Брет Пит во fight-club и која е идеална килажа за најубави стомачни на момче.

Од целиот муабет вреди да се каже дека европските индустриски стандарди за големина на облека се изместени – М облека е најчесто преширока и за момчиња и за женски, јас S носам, во М пливам, а за тренинг сите тренерки ми се XS за да не ми паѓаат кога трчам.

Антониа Гиговска напиша на facebook дека XXS носела а супер нормално изгледа (да е женска пополничка од неа не би ни била општо привлечна за сите луѓе како јас кој сакаат само витки слабички женски што не се над 55kg во здрав moderate thin bmi, а и сите мои другарки топ моделки и манекенки што се во супер форма и се најсакан пример за како треба да изгледа женска – исто велат дека најчесто XXS носат и дека постојано купуваат облека од детски дуќани затоа што најчесто се друго им е прешироко).

Сите производители на облека треба да реагираат и да ги вратат големините на облека во здрава нормала). За да се помогне во спречувања на кардиоваскуларните заболувања што се број 1 причинител за предвремена смрт во целото човештво а се и дирекно поврзани со исхраната (и обисити) мора да внимаваат сите луѓе на сѐ дури и облеката да не е над медиум“.

Ве сакам сите“, напиша Врчак и објави негова слика од теретана како посветено вежба.

Фото: Фејсбук

 

 

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....