Водителката Марија Петровска која живее во Словенија објави емотивни фотографии на социјалните мрежи со посебен повод.
Нејзиниот син Домен наполни три години, а Марија на Инстаграм напиша: „И едноставно така, моето мало момче не е веќе така мало“. На сликите се нејзините родители кои дошле од Македонија за роденденот на внукот, сопругот, а Марија ја покажа и тортата и роденденските украси дома.
Водителката на естрадниот магазин „Бекстејџ“ пред повеќе години од Македонија поради љубов се пресели во Словенија, и сега живее во Марибор.

„Солзи, емоции, збунетост, среќа и бесконечна љубов на прв поглед. Иако, да бидеме реални, јас се вљубив во него 9 месеци пред да го видам, уште кога првпат видов плус на тестот за бременост“, раскажа шармантната тетовчанка за „Слободен печат“.
View this post on Instagram
