14:21 - 19 февруари, 2026

(Фото) Во Маврово во организација на Халкбанк се одржа традиционалната велосипедска трка Halk Velo Green

Во организација на Халкбанк АД Скопје вчера во Маврово се одржа трета по ред хронометар велосипедска трка Halk Velo Green, која е дел од активностите на банката насочени кон поттикнување здрави животни навики и заштита на природата, а се реализираат преку платформата HalkEco.

И годинава трката побуди голем интерес, а вљубениците во велосипедизмот, професионалци и оние кои го користат велосипедот рекреативно или како превозно средство се натпреваруваа во неколку категории – ПРО, ХОБИ и ПРО кидс.

Во категоријата ПРО, рутата Бистра-Леуново-Бистра долга 22 километри, во машка конкуренција најбрзо ја помина Димитар Јовановски, а во женска Елена Петрова. Второпласирани беа Виктор Ванчевски и Анета Антовска, а третото место го освоија Александар Милошевски и Андријана Атанасоска. Најдобрите во оваа категорија која е наменета за професионалци, членови на Велосипедската федерација, но и оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат во оваа категорија, освоија награди во висина од 20.000, 15.000 и 10.000 денари кои ги обезбеди Халкбанк.
Во категоријата ХОБИ, кај жените најдобри беа Лидија Мано Илиев, Тамара Јурков Зефиќ и Емилија Пајковска, а меѓу мажите, Маријан Тасевски, Левент Рифат и Мартин Фотевски. Наградите за најдобрите во оваа категорија изнесуваа 10.000, односно 5.000 и 3.0000 денари.
Меѓу младите од 13 до 17 години најдобри беа Ева Здравева, Олса Орани и Миа Мацоска, во женска конкуренција и Немања Пауновски, Андреј Маџоски, Иван Илијевски во машка. Кај децата од 6 до 12 години најбрзи беа Андреј Здравев, Дамјан Безаноски, Симеон Јовановски во машка и Тија Кукунешоска, Бистра Груевска, Сара Пановска во женска конкуренција. За најдобрите млади и деца Халкбанк обезбеди штедни книшки со по 10.000, 5.000 и 3.000 денари.

Сите натпреварувачи со своето учество и годинава дадоа директен придонес за засадување нови дрвја. Средствата од претходните две Halk Velo Green трки се искористија за засадување над 15.000 садници во околината на Свети Николе.

Трката Halk Velo Green е дел од платформата HalkEco на Халкбанк чија цел е поттикнување здрави животни навики и заштита на природата. Во акциите кои се спроведуваат во рамките на оваа платформа Халкбанк досега во земјава има засаденo над 33.000 дрвја.

Комерцијален текст.

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....