12:35 - 9 април, 2026

(Фото) Во гламур и бела естетика: Аделина Тахири го одбележа 35. роденден со невообичаена роденденска „торта“

Пејачката Аделина Тахири го прослави својот 35. роденден со стилска и внимателно осмислена забава, која иако организирана со мало задоцнување, како што самата посочи – вредела секоја минута чекање.

Прославата се одржа во елегантно уреден амбиент во доминантна бела боја, со маси украсени со кали и свеќи, што создаде префинета и речиси бајковита атмосфера.

Наместо класична роденденска торта, Тахири избра поинаков концепт – тирамису сервирано во чаши за шампањ, на кои дуваше свеќички, додавајќи модерен и визуелно впечатлив момент на прославата.


Менито било внимателно избрано и претежно базирано на морски специјалитети, додека деталите од вечерта укажуваат на луксузен, но интимен карактер на настанот.

Славеничката се појави во мини бел фустан со цветни апликации, а откри дека меѓу подароците добила и чанта од брендот Hermès.

Во опуштена и весела атмосфера, таа уживала во музика и дружење со најблиските, пеела и танцувала, а во еден момент се качила и на стол, дополнително подигнувајќи ја енергијата на вечерта додека им служела пијалаци на гостите.

„Прекул за да бројам свеќи“, напиша Тахири на социјалните мрежи, сумирајќи ја роденденската вечер во свој стил.

Слични објави

Неверојатно – вака изгледа Анастасија Ражнатовиќ без шминка 

E.A.

Анѓелка Прпиќ со сопругот Марко уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

E.A.

Одев во полско веце и се капев надвор: Александар Динев искрено за сиромашното детство

Еспресо

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо
Се вчитува....