02:23 - 12 ноември, 2026

(Фото) Винсент Касел одмара во Бразил со нова девојка: Презгодна е, ама копија е на бившата Тина Кунаки

Винсент Касел и неговата нова девојка Нара Баптиста, која сите ја сметаат за копија на неговата поранешна партнерка Тина Кунаки, беа уловени од папараците. Љубовниците биле забележани на познатата плажа Ипанема во Рио де Жанеиро, каде што го поминале денот сончајќи се.

твитер

27-годишната натпреварувачка за Мис Универзум 2020, која е 30 години помлада од нејзиниот избраник,  носеше шарен костим за капење и црвено парео. Двојката не се криеше од фотографите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Backgrid (@backgrid_usa)

твитер
твитер

Романсата меѓу Нара и Винсент стана позната пред два месеци кога споделија фотографии на Инстаграм. Актерот и моделот не ги кријат чувствата, редовно се уловени од папараците и објавуваат заеднички фотографии. Не е познато дали новата девојка на Касел ги познава неговите деца, ќерките Дева и Леони од неговата прва сопруга Моника Белучи.

Во април оваа година 57-годишниот Винсент Касел по седум години врска раскина со убавата глумица Тина Кунаки. 26-годишната убавица, според гласините, го изневерувала Касел, што било причина за разделбата. Поранешните партнери имаат заедничко дете, четиригодишната ќерка Амазони.

Пред некој ден, Кунаки објави фотографија на Инстаграм на која позира со шпанскиот глумец и фотограф Виктор Сантијаго, кого го нарече „љубовта на нејзиниот живот“.

инстаграм

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....