14:58 - 13 ноември, 2026

(Фото+видео) Саша Ковачевиќ клекна на колена и ја запроси Зорана: Таа се пофали со прекрасниот дијамантски прстен

По речиси 10 години љубов, еден од најпопуларните пејачи во регионот, Саша Ковачевиќ, реши да стави крај на својот ергенски живот.

Саша Ковачевиќ вчера откри преку својот официјален профил на Инстаграм дека се свршил со својата партнерка Зорана Тасовац.

Видеото што го сподели на својот профил прикажува различни моменти од животот на неговата партнерка, како и нејзината ќерка, а еден момент покажува и како изгледала свршувачката.

„Моја си денес, моја си утре“, се вели во описот на објавата, а оваа реченица е и стих од неговата неодамна објавена песна „Ромео“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)


Покрај обожавателите, во коментирати се јавија и бројни колеги и пријатели на популарниот пејач. Меѓу нив се Наташа Беквалац, Јелена Томашевиќ, Адил Максутовиќ и Милица Тодоровиќ.

Во егзотична и романтична атмосфера, пејачот одлучи да ѝ предложи брак на убавата Зорана клекнувајќи на едно колено, а не можеше да го скрие своето воодушевување.

Да потсетиме дека во мај годинава, Ковачевиќ откри дека планира да се ожени со Зоран, со која е во врска осум години.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....