31.8 C
Скопје
10:57 - 22 август, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) НИКОЛ КИДМАН ПОВТОРНО МЕТА НА КРИТИКИ: До каде со ботоксот?

никол кидман

Една од најголемите холивудски ѕвезди, 54-годишната актерка Никол Кидман, важеше за една од најубавите актерки на сите времиња. Нејзиното беспрекорно младешко лице со години е во центарот на вниманието, па иако актерката тоа го негира, многумина тврдат дека претрпела бројни естетски операци.

Која е вистината, сè уште не знаеме, но она што е сигурно е дека оваа австралиска дива сака претерано да си „игра“ со ботоксот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Никол ги помина последните неколку дена во Њујорк промовирајќи го својот нов филм „Being The Ricardos“ во кој ја отелотворува улогата на Лусил Бол.

Проектот на кој работи заедно со Хавиер Бардем е еден од оние кои би можеле да ѝ го донесат престижниот Оскар на Кидман, но публиката повеќе е фокусирана на изгледот на актерката отколку на филмот.

„Лусил Бол имала многу експресивно лице, Кидман не може да ги мрда веѓите поради ботоксот“, е само еден од коментарите, додека многумина се согласија дека е невозможно Никол сепак да нема ниту една брчка.

„Изгледа свежо, но сето тоа се должи на инјекциите што ги вбризгува во вратот и лицето. Тие ѝ го враќаат младешкиот изглед“, објаснил еден од експертите.

Шокантни промени на лицето на Никол, јавноста забележа и минатата година во пресрет на премиерата на нејзината серија „The Undoing“ каде таа глуми со колегата Хју Грант.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Иако дури и професионалци забележаа дека актерката веројатно имала бројни естетски зафати, таа вешто молчи за тоа.

Слични објави

Бившата сопруга на Џеј Рамадановски се појавува во неговиот познат спот — ова е приказната за Нада која му остана голема љубов

E.A.

Дневен хороскоп за 22 август: Не реагирајте импулсивно, бидете толерантни

E.A.

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.
Се вчитува....